Bundestag verabschiedet Haushalt
25 ноември 2011
Германскиот парламент денеска го одобри буџетот за 2012 година по повеќедневна дебата. Со гласовите на владејачките партии помина предлог-буџетот во висина од 306,2 милијарди евра. Новото задолжување изнесува 26,1 милијарда, што наиде на остра критика од опозицијата. Министерот за финансии Волфганг Шојбле посочи дека се надева оти реалното ново задолжување ќе биде помало од зацртаното.
Канцеларката Ангела Меркел во дебатата повторно зборуваше за курсот во еврозоната кон „фискална унија“. Таа под тоа подразбира монетарна унија, во која ќе постои единствена буџетска политика на земјите-членки и пред се‘ ќе биде зајакната буџетската дисциплина. Подоцна, ќе се оди во насока на хармонизирање на трудовото право, старосната граница за одење во пензија и даночното право. Во овој контекст, Германија и Франција до 2013 година планираат заеднички данок за претпријатијата.
Договорот за основите за фискалната унија германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле ги најави за многу скоро, можеби на самитот на ЕУ на 9-ти декември.
Меркел и Шојбле го повторија ставот против „должничка унија“, односно издавањето еврообврзници како решение за излез од должничката криза.
Автор: ЖА/ГЧ/дпа/дв
Редактор: Симе Недевски