1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија ги легализираше истополовите бракови

БГ
30 јуни 2017

Хомосексуалните парови ќе можат да склучуваат брак и да посвојуваат деца, одлучи со мнозинство гласови германскиот парламент. Канцеларката Меркел гласаше против, но рече дека ќе ја почитува одлуката

Deutschland Bundestag Abstimmung über Ehe für Alle
Фотографија: REUTERS/F. Bensch

По долгогодишно спротивставување на конзервативците и остра дебата во Бундестагот, германските парламентарци изгласаа легализирање на истополовите бракови. Со 393 гласа „За“ и 226 „против“ германскиот парламент се изјасни во прилог на одлуката која предизвикуваше големи дебати и поларизација на општеството.

Пред парламентот во Берлин се славеше одлукатаФотографија: REUTERS/H. Hanschke

Одлуката, која многумина во Германија ја прогласија за историска, е резултат на политичката пресметка на канцеларката Ангела Меркел и нејзината ЦДУ. На неколку месеци пред парламентарните избори, притисната од ставот на сите останати водечки политички партии дека нема да коалицираат со демохристијаните доколку не прифатат признавање на хомосексуалните бракови, Меркел мораше да попушти. Канцеларката одлучи да ги остави пратениците од нејзината партија да се изјаснат согласно нивната совест. Инаку Меркел гласаше против признавањето на истополните бракови, но рече дека ќе го почитува мислењето на мнозинството. По гласањето таа изјави дека прашањето за неа било емоционално и дека останува на ставот оти бракот се дефинира како „брак меѓу маж и жена“.
Ваквиот исход Меркел го најави на настан одржан на почетокот на неделата и веднаш предизвика бура во јавноста. На манифестацијата која во Берлин ја организираше женското списание „Бригите“, Меркел изјави дека посакува дискусија која ќе оди „во насока на донесување одлука според сопствена совест“. 

Зошто Меркел гласаше против истополовите бракови?

00:13

This browser does not support the video element.

Денешното гласање е резултат и на големиот притисок кој социјалдемократите го извршија врз канцеларката. Имено, по промената на ставот на Меркел тие инсистираа гласањето да се одржи веднаш, а не по изборите како што планираше таа. Лидерот на Социјалдемократите Мартин Шулц, чекорот го оцени како крај на дискриминацијата за многу Германци.

Мартин Шулц за истополовите бракови

00:27

This browser does not support the video element.

Од 2001 година во Германија е дозволено ткн. регистрирано партнерство, но признавањето на истополниот брак оди чекор понатаму и им овозможува на хомосексуалните парови исти права како и на хетеросексуалците, меѓудругото и да посвојуваат деца. Германија е меѓу последните држави во западна Европа која го легализира истополовиот брак.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми