1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија ги пречекува своите шампиони

Б. Георгиевски/дпа15 јули 2014

Стотици илјади луѓе во Берлин ги пречекаа фудбалерите на националната репрезентација по освоената светска титула во Бразил

Фотографија: ROBERT MICHAEL/AFP/Getty Images

Црвен килим и специјален поздрав со воден тунел ги пречекаа германските фудбалери на аеродромот во Берлин утрово. Светските прваци пристигнаа со специјален лет на Луфтханза чиј авион за оваа прилика беше преименуван во „Фанханза- превозник на победниците“. Пред полетувањето од Рио де Жанеиро леталото имаше и мала незгода, по што летот доцнеше околу еден час.

Авионот на ЛуфтханзаФотографија: picture-alliance/dpa

Илјадници луѓе со часови го чекаа пристигнувањето на леталото на аеродромот, а во Берлин уште од рано утрото сѐ е подготвено за големата прослава на победата. На улиците и во ткн. „фан зона“ се очекуваат стотици илјади луѓе. Возбудата дополнително ја зголеми пилотот на авионот кој, пред самото слетување, ги поздрави навивачите во Берлин со низок лет на висина од околу 600 метри.

Навивачите во Берлин го поздравуваат пристигнувањето на авионот од РиоФотографија: Reuters

Фудбалерите продолжија во отворен автобус кон центарот на Берлин. Главниот дел од прославата ќе се одржи пред Бранденбуршката порта, а конструирана е и специјална патека низ која ќе минат фудбалерите.

Филип Лам со победничкиот пехарФотографија: picture-alliance/dpa

На Мундијалот во Бразил, Германија ја освои четвртата титула светски првак во својата историја по победите во 1954, 1974, 1990 и 2014 година. Воедно ова беше прва титула за националната репрезентација по обединувањето на земјата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми