1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија го избира својот претставник за Евровизија

8 март 2007

Вечерва во Германија ќе се избере нова песна што ќе ја претставува земјата на годинешниот Евросонг во Хелсинки. Во Хамбург за настапот во главиот град на Финска, ќе се натпреваруваат еден рокер, еден свинг музичар и една женска кастинг група.

Тексас Лајтнинг ја претставуваа Германија во Атина
Тексас Лајтнинг ја претставуваа Германија во АтинаФотографија: PA/dpa

На националниот избор што ќе се одржи во Хамбург и кој се очекува да биде помпезна телевизиска гала манифестација, рок поетот Хајнц Рудолф Кунце ќе се претстави со песната Светот е поп.

На оваа рокерска песна конкуренти ќе и бидат свинг мелодијата Жените владејат со светот на Роџер Цицеро како и песната на последниот грл-бенд во Германија произлезен од една кастинг емисија Монроус, која за разлика од другите две ќе биде отпена на англиски Дури и небото плаче .

Главниот збор на денешната гала манифестација ќе го имаат ТВ гледачите кои преку телефонски јавувања ќе го одберат германскиот претставник на Евросонг што ќе се одржи на 12 мај во Хелсинки .

Германија инаку на изборот на песна на Евровизија е присутна од самиот почеток во 1956 година. Досега само еднаш победила и само еднаш воопшто не се квалификувала. Од 1996-та Германија се наоѓа во т.н голема четворка земји кои автоматски се квалификуваат во финалето на Евросонг.

Минатогодишниот претставник кантри-бендот Тексас Лајтнинг иако имаше песна која во Германија стана голем хит на Евросонгот во Атина го освои само 15 место.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми