Германија го одбележувва Денот на народна жалост
18 ноември 2007Реклама
Со повеќе манифестации денеска во Германија се одбележува Денот на народна жалост во спомен на жртвите од војните. На традиционалната молитвена церемонија во Берлин се очекува да присуствува и претседателот Хорст Келер. Попладне германскиот Бундестаг ќе одржи и специјална седница посветена на овој ден. Денеска се споменуваат жртвите од двете Светски војни и националсоцијализмот.