1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Доживотен затвор за мајката која си ги уби петте деца

ЖА
4 ноември 2021

Во судскиот процес за убиство на пет деца во германскиот град Золинген, обвинетата мајка е осудена на доживотен затвор.

Deutschland | Plädoyers im Prozess um Solinger Kindermorde
Фотографија: Oliver Berg/dpa/picture alliance

Покраинскиот суд во Вупертал денеска ја осуди на доживотен затвор мајката која си ги уби петте деца, оценувајќи дека станува збор за вина со посебна тежина. Жената во септември 2020 година уби пет од своите шест деца во својот стан во градот Золинген, во покраината Северна Рајна Вестфалија, преживеа само нејзиниот единаесетгодишен син.

Пресудата одговара на барањата на Обвинителството, кое пледираше за петкратно подмолно убиство. Според убедувањето на тужителот, обвинетата Кристиане К. живеела во некој вид самокреиран „фасаден свет“, во кој спаѓале и нејзините деца. Обвинителството не ја прифати верзијата на одбраната, според која мајката ги убила децата првенствено поради разочарување од своите партнери, и отфрли нејзина непресметливост. Одбраната бараше ослободителна пресуда, или евентуално осум години затвор за убиство извршено во афектна состојба и упатување на обвинетата на психијатриско лечење.

Кристиане К. ги задушила, односно ги задавила своите пет деца на 3 септември 2020, а претходно на трите ќерки и на двајцата синови на возраст од еднаипол до осумипол години им дала различни медикаменти пред да ги убие во кадата. Потоа тогаш 27-годишната мајка ги завиткала децата во крпи и ги легнала во нивните кревети.

Нејзиното шесто дете во тоа време било во училиште и така преживеало. По обидот за самоубиство, мајката беше пронајдена повредена на главната железничка станица во Диселдорф, од каде беше пренесена во болница, а според Обвинителството, сакала да го натера својот единаесетгодишен син да се фрли под воз. Случајот предизвика шокираност во цела Германија.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми