1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Германија - домаќин на Европското фудбалско првенство 2024

ЖА / агенции
27 септември 2018

Европското фудбалско првенство во 2024. година ќе се одржи во Германија. Конкурентот Турција остана со празни раце.

Bekanntgabe EM-Gastgeber 2024
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Stache

Мнозинството од членовите во Извршниот комитет  на УЕФА, 17, гласаа во прилог на Германија како домаќин на Еуро 2024, соопшти Александер Чеферин, претседател на Европската фудбалска унија денеска во Нион, Швајцарија.

Со тоа Германија вторпат ќе ги вгости натпреварите на Европското првенство, по 1988 година. Кандидатурата на Турција беше неуспешна веќе четврти пат, по 2008, 2012 и 2016 година. 

Претседателот на Германскиот фудбалски сојуз Рајнхард Гриндел непосредно по објавувањето на резултатот од гласањето изјави: „Убаво е што доживуваме ваков убав ден, како за професионалците, така и за аматерите во Германија. Искрена благодарност за довербата, јас чусвтвувам голема одговорност и ќе направиме сѐ за да ја оправдаме.“

Натпреварите ќе се играат во Берлин, Минхен, Диселдорф, Штудгарт, Келн, Хамбург, Лајпциг, Дортмунд, Гелзенкирхен и Франкфурт. Финалето ќе се одржи во Минхен или Берлин. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми