1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Германија: До 31 август нема патување во 160 земји

БГ/ ДПА
10 јуни 2020

Германската влада планира да го продолжи предупредувањето за патување во повеќе од 160 земји надвор од ЕУ до 31 август годинава, поради страв од ширење на коронавирусот. Меѓу погодени земји ќе биде и Северна Македонија.

Deutschland Berlin Coronavirus - Flughafen Tegel - Menschenleer
Фотографија: imago images/F. Sorge

Владата во Берлин денеска (10.6.2020) ќе расправа за новиот предлог, иако се најавува дека се можни и исклучоци за некои земји доколку исполнуваат одредени критериуми. Министерот за надворешни работи Хајко Мас издаде предупредување за патување за околу 200 земји на 17 март годинава по појавата на пандемијата на Ковид-19. Минатата недела беше одлучено од 15 јуни да се тргне предупредувањето за 26 земји-членки на ЕУ, за Велика Британија, како и за уште четири држави кои се дел од Шенген зоната: Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн. За Шпанија и Норвешка предупредувањето ќе биде подигнато подоцна, поради тоа што тие се уште имаат ограничување за Германија.
Но за повеќе од 160 други држави во светот- вклучително и за некои големи туристички дестинации за германските туристи како Турција- предупредувањето ќе остане во сила до 31 август. Во пракса тоа значи дека германските власти ќе ги советуваат своите граѓани да не одат на туристички патувања во тие земји.

Ќе бидат можни исклучоци, а тие ќе се прават врз основа на следните критериуми:

- Бројот на новозаразени;

- Квалитетот на здравствениот систем;

- Капацитетот за тестирање;

- Хигиенските правила, и

- Ограничувањата за влез

Германската влада е под притисок од Турција и од некои земји кои важат како туристички дестинации во Африка да бидат изземени од правилото. Некои критичари во земјата велат дека ваквата мерка би значела катастрофа за германската туристичка индустрија.

Министерството за надворешни работи, од друга страна, сака по секоја цена да избегне нова акција за враќање на германски државјани во земјата како онаа на почетокот на пандемијата, кога повеќе од 240 илјади Германци мораа да бидат враќани со специјални летови во татковината.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми