Германија - дроги
4 мај 2007Реклама
Бројот на жртвите од дрога во Германија минатата година бил најнизок од 1989 година наваму. Според актуелниот извештај на ополномоштеникот за прашањето на дрогите, Сабине Бецинг, од консумирање дроги минатата година починале 1 296 лица, што е намалување од 2,3%. Бецинг истовремено предупреди дека се зголемува консумирањето алкохол и дека проблемот не треба да се минимизира. Во земјата има 1,6 милиони зависници од алкохол и исто толкав број луѓе кои од консумирањето на алкохолот имаат загрозено здравје.