1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: Ембарго за руската нафта е прашање на денови

ЖА / агенции
24 мај 2022

Ќе воведе ли ЕУ ембарго за руска нафта? Германскиот министер за економија Роберт Хабек е оптимист, без оглед на отпорот на одделни членки. Како потешки се испоставуваат мерките против растечките цени на нафтата

Russland | Öl- und Gasfeld Chayanda in der Republik Sacha
Фотографија: Kirill Kukhmar/TASS/dpa/picture alliance

Во напорите за воведување натамошни санкции против Русија, воведувањето ембарго за руска нафта во ЕУ, според германскиот министер за економија, Роберт Хабек, е сѐ поизгледно.

Ембаргото стана прашање на блиска иднина, се очекува пробив за неколку дена, изјави министерот за Вториот канал на германскиот јавен сервис, ЦДФ.

Санкциите против  Русија,  воведени како последица на нејзината инвазија врз Украина, мора да добијат одобрување од сите 27 земји-членки на ЕУ. Некои од нив, првенствено  Унгарија,  се скептични кон  нафтеното ембарго  поради сопствената зависност од овој ресурс, брзата замена на испораките од Русија го сметаат за речиси неизводливо.  Будимпешта веќе се закани со можно вето против евентуалната мерка.

Страотните видеа од Мариупол на украинска болничарка

01:47

This browser does not support the video element.

Хабек изрази разбирање за ваквите колебања, кон кои ЕУ мора да покаже обѕири. Можен излез од блокирањето на согласноста се гледа во разговорите за подолги преодни рокови за државите посебно зависни од руската нафта, со што би им се оставило можност да ја осигураат енергетската безедност на друг начин. Доколку ЕУ на ваков начин ѝ излезе во пресрет на Унгарија, тогаш би „требало нешто и таму да се случи“, предупредува Хабек.

Следниот самит на ЕУ е закажан за крајот на месецов, а со него и можноста за донесување одлука за ембарго за руската нафта. Истовремено ЕУ работи заедно со САД на воведување горна граница за цените на нафтата. Со оглед на тоа што цените по војната во Украина забележаа силен пораст, постои веројатност можното ембарго да ги вивне во досега невидени височини.

Путин во последните недели продаде помалку нафта, а собра повеќе пари“, изјави Хабек. Оттаму идејата за барел нафта да не се прифаќа било која цена. Но, тоа би функционирало само ако многу држави учествуваат во ваквата стратегија, а тука уште има проблеми, истакнува германскиот министер за економија.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми