1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: Ескалација на протестите поради ковид

Ханс Пфајфер
15 декември 2021

Четвртиот бран на пандемијата посебно тешко ја погоди Саксонија. Болниците во оваа германска покраина се полни. Истовремено, протестите поради мерките за сузбивање на короната стануваат сѐ порадикални.

Coronavirus - Protest gegen Corona-Politik in Greiz
Фотографија: Bodo Schackow/dpa/picture alliance

Мнозинството од оние кои на социјалната мрежа „Телеграм“ ги следат самопрогласените „Слободни Саксонци“, убедени се дека Германија ита кон бездна. Вестите се мрачни. Моментно таму се тврди дека низ земјата кружат платенички банди, насилници. Со улиците владее џган. Се зборува за „војна против противниците на вакцинирање“ која ја води режимот и деспотот кој е на власт. „Слободните Саксонци“ притоа не мислат на некои криминални банди, туку на демократските институции – на премиерот на таа германска покраина Михаел Кречман и на полицијата. 

Уличните протести  во Саксонија, исто како и пандемијата, постојано доаѓаат во нови бранови. Прво беа насочени против бегалците, потоа против Ангела Меркел, а сега против мерките за сузбивање на короната. И слично на брановите на пандемијата, и тие стануваат сѐ поагресивни.

Пораст на омраза

Протестот доаѓа главно од граѓанското милје. Постари жени и мажи во зимски капути наликуваат на соседите кои ги знаеме. Тие оставаат впечаток на невиност и исрена вознемиреност – поради премиерот на Саксонија, поради неговите одлуки за ограничување на контактите и посебно поради најавата за воведување  задолжителна вакцинација.

Меѓутоа, многумина сметаат дека тие учесници на протестите се сѐ, само не безопасни. Бенјамин Винклер од фондацијата „Амадеу Антонио“ смета дека не е во прашање спонтано незадоволство на граѓаните. „Оние кои излегуваат на улица во голема мерка се мешавина од десничарската и екстремистичка сцена, ‘Граѓани на Рајхот' (десничарска група која го отфрла германскиот устав и уредување, р.з.), идеолози на завери, хулигани и алтернативната езотерична сцена.“

Протестот сѐ повеќе го поддржува и десничарската партија Алтернатива за Германија, АфД, која е многу силна во Саксонија.

„Телеграм“ како разгорувач на огнот

Организатори и координатори на протестите се т.н. „Слободни Саксонци“. Тоа е мала регионална партија која меѓутоа привлекува огромно внимание и стигнува до многумина преку социјалните мрежи. Нивните ставови се шират првенствено преку руската мрежа за испраќање пораки, „Телеграм“. Таа мрежа одбива секакво вмешување во расправи и отфрла соработка со германските власти во борбата против говор на омраза. „Слободните Саксонци“ тоа го користат.

Фондацијата „Амадеу Аантонио“ досега само во Саксонија регистрирала мрежа од 100 канали и 80 регионални групи. „Главниот канал моментно расте на секој час. Тоа е многу опасен раст. Воочуваме стална радикализацја во пораките на каналите и во групите“, укажува Симоне Рафаел од оваа фондација.

И протестите стануваат сѐ порадикални. Неодамна „Слободните Саксонци“ се собраа со свирчиња, барабани и факели пред куќата на покраинската министерка за здравство. Во Германија тоа е апсолутно кршење на табу и многумина тоа ги потсетува на почетоците на уличниот терор на нацистите, посебно откако во 2019 година еден десничарски екстремист го уби демохристијанскиот политичар  Валтер Либке на неговиот куќен праг, зашто тој се залагаше за прифаѓање бегалци.

Протестите не се толку спонтани колку што изгледаатФотографија: Christian Mang/Rückblende 2020/dpa/picture alliance

Мртви животни во поштенско сандаче

И Дорита Корте би протестирала, но не го прави тоа. Таа живее во градот Плауен во Саксонија и со години преку здружението „Колоридо“ се бори за демократија и мирен соживот во градот. Во нормални околности таа би организирала контра протест против оние кои демонстрираат поради корона-мерките, но сепак се придржува на важечките правила за ограничување на контактите. Многу ја загрижува омразата на улиците. „Нема веќе почитување кон ништо. Постојано се зборува за некаков ‘Ден Икс'. Се прашувам: па што ќе се случи тогаш?“

„Ден Икс“, ден на пресметка. Моментно тие закани се слушаат често на улиците во градови во Саксонија. Но, тоа не се само празни зборови.  „Ни се закануваат, добиваме и закани со смрт“,  вели Дорита Корте. Многу членови на нејзиното здружение се на работ на силите. „Многу е напорно, во поштенските сандачиња наоѓаме мртви животни“.

Таа се жали на недоволна политичка поддршка и вели дека во Саксонија не водат сметка за заканата која ја претставуваат десничарските екстремистички мрежи.

И тивкото мнозинство станува сѐ погласно

Тоа не ја лути само Дорита Корте. Сѐ повеќе граѓани во Саксонија се огорчени поради омразата и агресивната агитација на протестите против епидемиолошките мерки. Затоа сега и тие почнуваат да се организираат. Во многу мали градови жителите се здружуваат и делат летоци. Ги обвинуваат оние кои протестираат дека ја користат пандемијата „за да предизвикуваат нереди, загрозување на демократијата и поделби во општеството“.

Такви луѓе има во приличен број. Додека во градот Бауцен на пример протестите на неколку стотини „Граѓани на Рајхот“ и десни екстремисти со месеци беа на насловните страници, „Декларација – Бауцен заедно“ за само едне ден ја потпишаа повеќе од 3.000 луѓе.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми