1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија е светски првак во фудбал

АТ/ дпа/ афп/ ртр14 јули 2014

Германската репрезентација е победник на Светското првенство во фудбал во Бразил. Тимот на тренерот Јоахим Лев во финалeто ја победи Аргентина со 1:0.

Фотографија: Laurence Griffiths/Getty Images

Германија е светски првак во фудбал во 2014 година. Со 1:0 против Аргентина германските фудбалери предводени од селекторот Јоахим Лев победија во финалето во Бразил. Одлучувачкиот гол го постигна Марио Геце во продолжението од натпреварот. Пред речиси 75.000 гледачи во Рио де Жанеиро капитенот Филип Лам го презема пехарот од рацете на претседателката на Бразил Дилма Русеф.

За Германија ова е четврта титула светски првак, по освојувањето на првенствата во 1954, 1974 и 1990 година.

Фотографија: Reuters

Голманот на германската репрезентација Мануел Нојер, по финалниот меч беше прогласен за голман на Мундијалот. Златната копачка ја освои Колумбијанецот Џејмс Родригез. Аргентинецот Лионел Меси, и покрај поразот во финалето, беше прогласен за најдобар играч на Светското првенство во фудбал 2014 во Бразил.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми