1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фудбал

Германија заслужено поразена од Северна Македонија 

Хардинг Џонатан
1 април 2021

На помалку од три месеца од Европското првенство ова е алармантно за репрезентација која се чинеше дека успеала да ја поврати својата магија. Анализа на сервисот на Дојче веле на англиски јазик

Fussball | WM-Qualifikation I Deutschland - Nord Mazedonien
Фотографија: ULMER Pressebildagentur/imago images

Во три натпревари за квалификации за Светското првенство Германија својот најлош настап го зачува за крај. 

Прво го „збриша” Исланд од теренот, потоа имаше тесна победа над Романија и на крајот пораз од Северна Македонија и тоа во последниот квалификациски натпревар на Јоахим Лев како селектор. Ова навистина беше луд месец март, но не како што Германците си го замислуваа. 

Летаргијата и воздржаната игра што ја покажаа со Романија продолжи и во вториот натпревар неделава во Дуизбург. На почетокот на мечот доминираа, но цената за тоа што се „изгубија” ја платија подоцна со дефицит на крајот на натпреварот. Евергринот Горан Пандев и несовладливиот Елиф Елмас на Германија и покажаа дека некогаш не се исплати премногу да ги обмислуваш работите. 

Одлуката на Лев да го смени само голманот и левиот бек во однос на поставата од претходниот натпревар сугерира дека тој веќе знае кој ќе биде неговиот прв избор летово. Но, тимот не остави впечаток дека и на играчите им е тоа јасно. Трома игра без користење на шансите, ова повеќе потсетуваше на Германија после Русија отколку на прославената проштална турнеја на Лев - како што личеше до минатата недела. 

Јоахим Лев со наведната главаФотографија: Alex Grimm/Getty Images

Додека нивната континуирана поддршка за човекови права, потег кој само беше засенет од неговата злоупотреба од страна на Германската фудбалска федерација за маркетиншки цели, покажува карактерна одлика која е заедничка на тимот, нивниот перформанс на теренот и натаму останува далеку од стабилен. За само една недела Германија се сврте од прекрасна на самоволна до мизерна игра. На само три месеца од голем турнир како Европското првенство тоа е последното нешто што еден тим го сака или му е потребно. 

Повеќе на темата:

Комплименти и респект за македонските фудбалери

Северна Македонија: „Горан Велики“ и неговите следбеници

Фудбал: Германците среќни поради лесната група со Северна Македонија

И тоа е најголемиот проблем на Лев. Повеќето тренери би биле среќни да извадат три бода кои се очекуваат од нив на квалификациите. Не само што не можеа да успеат во тоа, туку за човек кој го напушта тимот за четири месеца сега исто толку важен е и перформансот. 

Првично веста дека го напушта тимот го опушти и него и репрезентацијата. Не го носи на рамена товарот за развојот и нивните идни циклуси. Таквиот полет и ентузијазам се гледаше и на теренот кога тимот излезе од загревањето пред мечот со Северна Македонија, додека Лев ракоплескаше во весела возбуда, но неговите нови вибрации не ги фатија и 11-те момци на теренот. 

„Не можевме да најдеме начин да го разоружаме уиграниот македонски тим," рече Лев отпосле. „Нашата поставеност на теренот не беше добра."

Амин Јунес од клупата го даде поттикот кој беше потребен за да се постигне изедначувањето, но и тоа беше само момент на брилијантност. Северна Македонија ја заслужи победата исто толку колку што заслужија и да поведат. Поразот е секако страшен за Лев, но начинот на кој беа поразени е причина за уште поголема грижа. 

Германија несмасно се протурка низ натпреварот. Избегнаа пенал по јасна игра со рака од страна на Емре Чан. Промашија грандиозна шанса за победа кога Тимо Вернер си ги „измеша” нозете, момент кој Лев го опиша како „пресврт за репрезентацијата”. Германија изгледаше уморно и така и играше и во актуелниот контекст тоа е разбирливо. Можеби ова воопшто и не е изненадувачко финале на неделата за Лев и германската репрезентација, но секако е болно. 

Лев на 18 мај ќе соопшти кој ќе биде составот за ЕП. Неделава покажа дека тој веќе јасно одредил која ќе биде прватапостава , но исто така покажа и дека не може за една недела да се смени вистината за еден состав. А, таа во случајот со Германија е дека репрезентацијата не се опоравила од Русија и Шпанија, колку и да се сака да мисли спротивно. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми