1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Германија затвора три атомски централи

СН/агенции
30 декември 2021

Привршува збогувањето на Германија со атомската енергија. Три нуклеарни централи ќе бидат исклучени од мрежата. Потоа до крајот на 2022 ќе останат само уште три. Што значи тоа за снабдувањето со електрична енергија?

Атомската централа Брокдорф ќе биде една од трите кои ќе бидат затворени во новогодишната ноќ
Атомската централа Брокдорф ќе биде една од трите кои ќе бидат затворени во новогодишната ноќФотографија: Ingo Wagner/dpa/picture alliance

Германија утре вечер ќе затвори три од своите шест преостанати атомски централи. Владата во Берлин одлучи да го забрза откажувањето од нуклеарната енергија по несреќата во јапонската атомска централа Фокушима во 2011 година, која беше предизвикана поради земјотрес и цунами.

По три и пол децении работа, утре ќе бидат затворени нуклеарните реактори Брокдорф, Гронде и Гундреминген Ц. Последните три атомски централи, Исар 2, Емсланд и Некарвешхајм 2, ќе бидат исклучени до крајот на наредната година.

Динамит за атомска централа

01:12

This browser does not support the video element.

Шесте нуклеарни централи годинава допринесоа со околу 12 насто од производството на електрична енергија во Германија. Истовремено, допринесот за обновливи извори на енергија беше поголем од 40 отсто, јаглен помалку од 28, а гас околу 15 насто.

Повеќе: Германија се збогува со атомската енергија

Германија има намера обновливите извори до 2030 година да произведуваат 80 насто енергија.

Се проценува дека трошоците за затворање на секоја нуклеарна централа ќе чини 1,1 милијарди евра. Нивното демонтирање, како што се очекува, ќе биде довршено до 2040 година.

Дали одлуката за постепено откажување од  нуклеарната енергија беше правилна или погрешна е прашање на политичка проценка. Во Германија имаше и има стабилно мнозинство кое во основа смета дека откажувањето е исправна работа. Дали пак тоа е добро или лошо за климата е исто така контроверзно прашање меѓу научниците. Но едно нешто е повеќе од сигурно  откажувањето од атомската енергија го зголемува притисокот за промовирање на проширувањето на обновливите извори на енергија во земјата. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми