Германија: За прваче мора да се издвојат 2.250 евра
Среќко Матиќ
31 август 2018
Нова школска година, нови трошоци. Првачињата се радуваат, а родителите почнуваат да прават сметки. Тргнувањето во прво одделение не носи само голема промена во животот, туку и во семејниот буџет. Колку чини школувањето?
Реклама
Тргнувањето во училиште никаде не е евтино, па ни во Германија. Најскапа е училишната чанта. Анатомски ранец за првачиња просечно чини 130 евра. Комплетен сет со футрола за моливи, кутија за појадок и спортска торба чини и до 240 евра. На тоа треба да се додаде и школски прибор – тетратки, вежбанки, боички... Листата е подолга и во просек тоа чини околу 170 евра.
Како се одбележува првиот школски ден во Германија
Некои деца се возбудени, други се ужаснати, но никој не може да го избегне. Првиот школски ден во Германија е исполнет со ритуали, а дел од нив се стари стотици години.
Фотографија: picture alliance/dpa/P. Steffen
Фишек полн подароци
Најважниот дел од првиот школски ден на секое германско дете е т.н. Шултуте, или школскиот фишек со подароци. Изгледа дека помислата на првооделенците, дека секој нареден ден во следните 12 или 13 години ќе го поминат на училиште, мора да биде „заблажена“ со чоколади и подароци – традиција која датира од раниот 19 век. Родителите ги полнат подароците во фишеци.
Фотографија: imago/Kickner
Почеток на нова фаза
Најголемиот дел од децата во Германија имаат шест години кога за прв пат одат во училиште, во зависност од регионот во кој живеат тоа се случува во август или септември. Повеќето од нив веќе поминале неколку години во градинка или забавиште, што не е дел од јавниот школски систем и поради тоа нема голема педагошка улога. За децата и нивните родители првото одделение е голем предизвик.
Фотографија: Getty Images/AFP/S.Khan
Избор на „вистинскиот“ ранец
Родителите на своите првачиња им купуваат ранци, познати како „Шулранцен“. Тие често се изработени со правоаголна рамка со цел книгите и хартијата сместени во нив да не се извиткаат, а храната да не се згмечи. Во повисоките одделенија важен е брендот на фармерките, но за првачињата клучно е нивните ранци да го имат најмодерниот дизајн. Војна на ѕвездите или Супермен, на пример.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Основни потреби за училиште
Ранецот треба да се наполни со моливи, пенкала, линијари и папки пред почетокот на првиот школски ден. Во Германија, особено помалите деца немаат ручек во школите. Наместо тоа, имаат време за ужина во утрото, а на пладне имаат слободно време кое може да го искористат да ручаат дома или во школската кантина. За транспортот на ужинката потребна е соодветна кутија или „Паузенброт“.
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Gentsch
Ден за паметење
Многу деца од целиот свет позираат за фотографијата од нивниот прв школски ден. Во Германија, децата ги држат своите неотворени торби со подароци и слатки (Шултуте), кои често се поголеми и од нив самите, а често држат и знак на кој пишува: „Мојот прв ден на училиште“. За многу од првачињата, ова не е најсјајниот момент во големиот ден.
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Hirschberger
Испраќање со благослов
Првиот школски ден во Германија не започнува со училишен час туку со специјална церемонија. Родителите, роднините и кумовите се поканети да се придружат. Вообичаено, традицијата вклучува црквена церемонија со која на првоодделенците им се дава благослов и се одбележува отпочнувањето на школувањето и нова фаза во нивниот живот. За учениците муслимани, некои школи нудат интер религиозна церемонија.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Водство од поискусните
За време на прославата, повозрасните деца или учителите прават приредба и им објаснуваат на новите ученици како функционира училиштето. Во одредени училишта, на првооделенците им се доделува пријател од трето или четврто одделение за да им помага.
Фотографија: picture alliance/dpa/P. Steffen
Чувствувајте се како дома
Во фестивалите за запознавање е вклучена и тура во училиштето и на првоодделенците им се покажуваат нивните училници, кои се одбележани со „1А“, „1Б“ или „1Ц“ зависно од големината на училницата. На таблата на сликата пишува: „Добредојдовте, клас 1А“.
Фотографија: picture alliance/dpa/G. Kirchner
Семеен собир
По церемонијата на училиште, семејствата организираат своја прослава. Дедовците и бабите, роднините, како и пријателите се поканети на ручек или на торта за да ги видат младите и да го поздрават нивниот влез во новиот свет. Првоодделенците веројатно се нервираат поради сето галење по главата и штипкање по образите - но вообичаено добиваат подароци што ќе им надокнадат за тоа.
Фотографија: picture alliance/R. Goldmann
Втор ден на училиште
Откако церемонијата ќе заврши, тортата е изедена и подароците се одвиткани, првиот ден на училиште завршува. Следниот ден, првоодделенците мора да ги најдат своите нови училници за првата лекција. Основното училиште во Германија се одвива од прво до четврто одделение. Потоа, учениците продолжуваат кон едно од трите видови на секундарно образование, во зависност од нивните академски перформанси.
Фотографија: picture alliance/dpa/P. Steffen
10 фотографии1 | 10
Родителите уште на првиот родителски состанок ги чекаат нови давачки: класна благајна, годишна донација за школска опрема, превоз, целодневен престој, храна, излети....
Вкупно 2.250 за школска година или 11 евра за школски ден.
Германците многу прецизно ги пресметале и комплетните трошоци за основно и средно образование. Колкави се тие, погледнете во новото #DE_facto: