1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Комунистите и Анархистите исфрлени од германските избори

БГ
10 јули 2021

Пред изборите на 26 септември, изборен комитет одредува која партија ги исполнува условите за учество. Тоа е особено важно за помалите партии кои не го исполниле прагот од 5% за влез во Бундестагот на претходните избори.

Deutschland Landtagswahl in Sachsen-Anhalt 2021 Symbolbild Wahl
Фотографија: Hendrik Schmidt/picture alliance/dpa

Германците на изборите на 26 септември нема да можат да гласаат за комунистите или анархистите - партии кои низ годините им ветуваа дури и бесплатно пиво.  

Германскиот сојузен изборен комитет го каже последниот збор за тоа кои помали партии ќе можат да учествуваат на изборите. Процедурата започна во четвртокот со чешлање на апликациите на 87 политички групи кои сакаат да се најдат на избирачкото ливче за Бундестагот во септември. Од нив 44 успеаја, соопшти претседавачот на изборниот комитет Георг Тил. Комитетот е составен од претседавач, осум политичари од водечките политички партии и двајца водечки судии. Оние партии кои освоиле најмалку 5 места во парламентот на претходните избори се исклучени од процесот.  

Во четвртокот, комитетот одлучи да ги отфрли апликациите на повеќе партии. Меѓу нив се најде и Германската комунистичка партија, позната под кратенката ДКП. Тоа ќе биде првпат откако е основана во 1968 година да не ѝ биде дозволено да учествува на парламентарните избори.

Во 2017 година, ДКП освои 11.500 гласови во земјата, што не беше доволно за влез во парламентот. Поуспешна од неа беше Марксистичко-Ленинистичката партија на Германија (МЛДП) со речиси 30.000 гласови, но ни таа бројка не ѝ донесе пратеничко место. Традиционално, гласовите од радикалната левица одат кај поумерената партија Левица, која во 2017 освои 9,2% од гласовите.

Изборните власти велат дека ДКП не успеала навреме да ја поднесе потребната документација. 

„Роковите се рокови“, изјави претседавачот на изборниот комитет Георг Тил за агенцијата ДПА. 

Од ДКП најавија дека ќе се жалат пред повисока инстанца. „Убедени сме дека овој обид да ни се забрани учество на изборите нема да успее“, изјави претседателот на партијата Патрик Кобеле. 

Меѓу отфрлените апликации се најде и онаа на Анархистичката Пого Партија на Германија, или ААПД, која учествуваше на изборите во 1998 година ветувајќи дека ќе им плати на гласачите со бесплатно пиво. Анархистите сакаа да настапат на изборите под слоганот „работата е срање“, но властите ја одбија нивната апликација затоа што била поднесена само електронски.

Откако апликацијата на една партија ќе биде одобрена од комитетот, за надминување останува уште една пречка пред нивното име да се најде на гласачкото ливче. На партиите им се потребни 500 граѓански потписи за сојузната листа, и само 50 за локална номинација. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми