1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија и Велика Британија ги повлекоа амбасадорите од Иран

30 ноември 2011

Германија го повлекува својот амбасадор во Иран на дополнителни консултации. Министерот Гидо Вестервеле го повика на разговори и иранскиот амбасадор во Берлин, поради вчерашните инциденти во Техеран.

Britische Botschaft Teheran
По јуришот и уништувањето на британската амбасада и резиденцијалните објекти, британскиот и германскиот амбасадор се повлечени од ТехеранФотографија: FARS

Државната секретарка, Емили Хабер му пренела на иранскиот амбасадорот дека „јуришот на британската амбасада и останатите странски објекти е големо кршење на меѓународното право, што Германија го осудува на најостар можен начин“.

Министерот за надворешни работи, Гидо Вестервеле уште вчера го осуди инцидентот како неприфатлив и забележа дека меѓународното право диктира заштита на странските амбасади.

Германската амбасада во Техеран нема да биде затворена. Амбасадорот е повикан во Берлин на консултацииФотографија: picture-alliance/dpa

Велика Британија го евакуираше целокупниот персонал од Техеран

Потегот на официјален Берлин доаѓа кратко по одлуката на Велика Британија за затворање амбасадата во Техеран и евакуирање на персоналот од Иран. Британските власти му наложија на Иран да ја затвори својата амбасада во Лондон, а на сите ирански дипломати им наредија да ја напуштат земјата.

Британскиот министер за надворешни работи, Вилијам Хејг смета дека демонстрациите биле во согласност со иранскиот режимФотографија: AP

Министерот за надворешни работи, Вилијам Хејг пред британскиот парламент рече дека рокот за напуштање на земјата е 48 часа. Но, тоа нема да значи и целосно прекинување на дипломатските односи со Иран, нагласи Хејг.

„Ако некоја земја направи да ни е невозможно да работиме на нејзина почва, тогаш таа не може да очекува дека ќе има функционална амбасада овде“, порача Вилијам Хејг.

Притоа тој забележа дека вчерашниот напад не би можел да се изврши, доколку за него немало некаква согласност и од страна на иранскиот режим, кој во земјата „држи опозициони лидери во куќен притвор, каде повеќе од 500 луѓе беа егезекутирани до сега годинава и каде протестите се сечат во корен“.

ЕУ изразува протест за нападите на британската амбасада

Како реакција на нападот, иранските амбасадори од цела Европа биле повикани во соодветните министерства за надворешни работи, за да им се изрази протест за нападот врз британската амбасада и резиденцијалниот комплекс, во кој се сместени британски, германски и француски училишта, информираше Хејг.

Иранскиот министер за надворешни работи изрази жалење за инцидентот, а заменик шефот на полицијата, Ахмад Реза Радан изјави дека бројни демонстранти биле уапсени.

Нападот на амбасадата дојде како реакција на санкциите што ги воведе Велика Британија

Со реакција се огласи и официјален Париз. Францускиот министер за надворешни работи, Алан Жипе изјави дека француските власти се залагаат за санкции кои ќе го парализираат Иран, но не и за евентуална воена интервенција, која би направила катастрофални последици во регионот. Такви санкции веќе воведоа САД и Велика Британија и тие се однесуваат на трансферот на пари и извозот на нафта.

Санкциите уследија како реакција на извештајот од Меѓународната агенција за атомска енергија, објавен на почетокот од месецов, во кој стојат забелешки дека Иран можеби работел на развивање нуклеарно оружје. Германија е една од шесте светски сили што сака да го убеди Иран да ја напушти чувствителната работа со нуклеарната технологија, што предизвикува грижи дека намерата на Иран е да создаде нуклеарно оружје.

Автор: Александар Методијев / дпа / афп / миа

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми