1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија и НАТО

6 мај 2005

Во мај 1955 година воените блокови во Европа дефинитивно беа зацементирани. Сојузната република на 6 мај таа година стана членка на западниот НАТО сојуз, Германската Деократска Република стана членка на источниот Варшавски пакт. Се родија две германски армии кои стоеја една спорти друга во средината на поделена Европа до 1989 година.

За Сојузната република приемот во алијансата значеше цврсто поврзување со Запад и воена заштита од САД. Со текот на годините Германија стана еден од носечките столбови на НАТО. Денес таа е најважната сила на НАТО во Европа. За НАТО основано во 1949 година тогашната сојузна република беше важен простор на железната завеса меѓу блоковите. Таа требаше политички и воено да биде интергрирана на Запад. Франција најнапред имаше дилеми околу повторното вооружување на западните Германци, само 10 години по крајот на Втората светска војна. Но, на 6 мај пред 50 години Сојузната република практично и немаше армија. Таа полека се градеше со текот на годините. Само 8 дена подоцна на 14 мај 1955, ГДР стана членка-осоновач на Варшавскиот пакт, воен сојуз на чело со Советскиот сојуз. Претседателот Хорст Келер за време на посетата на главната команда на НАТО во Брисел во јануари годинава, потсети на значењето на алијансата:

„За Германија која долго се наоѓаше во темниот простор меѓу Исток и Запад, НАТО од почетокот беше од животна важност. Тоа беше гарант за мирот во Европа. Партнерите од сојузот, пред се САД, нам Германците многу децении ни обебзедуваа мирна совест, а пријателските нации настапуваа без воздршка за мирот и слободата во нашата земја„.

По паѓањето на Берлинскиот ѕид, со повторното обединување и ГДР стана дел на НАТО. Бундесверот првпат учествуваше во акција на НАТО во странство во 1995 година во бивша Југославија. Денес околу 5 илјади германски војници се во акција под знамето на НАТО, главно во Авганистан и на Косово. Претседателот Келер при посетата на НАТО:

„Германија политички измина мошне долг пат додека реши да учествува во мировни акции на НАТО надвор од подрачјето на алијансата. На Балканот и во Авганистан, Германија денес има големи контингенти и дава занчиетелен прилог„.

До конфликтот во Ирак, Германија во НАТО важеше за најблизок сојузник на Американците. Таа хармонична слика беше нарушена. Канцеларот Герхард Шредер побара поголеми права на решавање за Европсјеците при решенијата на НАТО. Треба да започне нов трансатлантски дијалог.

Германија ги има сите причини цврсто да се држи за сојузот, вели еден германски генерал во главната команда во Брисел, зашто за Германија влезот во НАТО наликуваше на враќање во кругот на клутурните нации.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми