1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија и Франција за поголема улога на ОН во Ирак

19 април 2004
Фишер и Барние
Фишер и БарниеФотографија: EU

По најавеното повлекување на шпанските војници од Ирак, официјален Берлин и Париз побараа вклучување на ООН и спроведување “вистински пренос на власта во Ирак“. Од особена важност е да се донесе корисна и веродостојна резолуција на ОН, посочи францускиот министер за надворешни работи Мишел Барние, при денешната прва посета на Берлин. Со оглед на спиралата насилство, во Ирак е можно само изнаоѓање политичко решение околу кое мораме потесно да соработуваме – нагласи Барние. Новиот министер за надворешни работи потсети во оваа прилика на предлогот на шефот на француската држава, Жак Ширак за свикување внатрешно-ирачка конференција пред изборите најавени за 2005 година. Неговиот домаќин, шефот на германската дипломатија Јошка Фишер пак по средбата инсистираше на вистински пренос на власта во најавениот временски рок до крајот на јуни. Фишер и Барние вчера имаа и средба со пратеникот на ОН за Ирак Лакдар Брахими, со кого разговараа за актуелната состојба во Ирак.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми