Германија и Хрватска го поддржуваат планот на Ахтисари
30 август 2007“Ги подржуваме напорите на Хрватска за членство во НАТО и нејзините настојувања за интегрирање во Европа. Процесот на реформи на кои сме сведоци во оваа земја е многу примерен, така што Хрватска ја заслужува таа перспектива“, изјави Јунг по средбата со Рончевиќ. Германскиот министер го истакна ангажманот на хрватските војници во Авганистан во рамките на германскиот контингент на Бундесверот на север од земјата. Во оваа година таму се наоѓаат 200 хрватски војници, додека во идната тој број треба да се зголеми на 300. На новинарско прашање зошто Хрватска, која учествува во 12 мисии на Обединетите нации толку инсистира на членство во НАТО, хрватскиот министер за одбрана Рончевиќ одговори:
“Сакаме во НАТО затоа што долгорочно тоа е најисплатливата животна полиса и за Хрватска и за сите наши граѓани. Апсолутно најисплатлив долгорочен модел за нашата одбрана и безбедност и затоа веќе денес сме организирани како да сме членка на НАТО“.