1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Германија - „Кога горат џамиите, гори нашата земја“

16 март 2018

По неколкуте насилни напади врз џамии во Германија, муслиманските верски организации се жалат на недоволна општествена солидарност. Тие истовремено предупредуваат против еднострано претставување на работите во медиумите.

Deutschland Brandanschlag auf Berliner Moschee
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Zinken

Во Берлин и во Баден-Виртемберг пред неколку дена пламтеа пожари, во Шлезвиг-Холштајн беа искршени прозорци, целта во секој од одделните случаи беа џамии.  „Само од почетокот на годината регистриравме веќе 27 напади врз џамии“,  се жали вчера во Берлин Зекерија Алтуг од турската верска организација Дитиб. Покрај него седат раководителите на Централниот совет на муслиманите и на Исламскиот совет,  Ајман Мациек и Бурхан Кесичи. Сите тројца ги обединува заедничката загриженост поради чувството на несигурност во Германија.

„Не сакаме да живееме во општество во кое не се чувствуваме добредојдени, во кое не сме како дома“, вели Алтуг и додава: „Не сакаме општество кое дозволува да биде раздвојувано“. А опасноста токму тоа да се случи, функционерите на муслиманските религиски заедници ја сметаат за реална. Од таа причина тие во заедничко соопштение апелираат на „солидарност против овие срамни дела.“ Истовремено, потсетуваат на должината на листата во 2017. година: според информациите на Сојузното министерство за внатрешни работи, имало 1069 напади врз муслимани и исламски институции.

Опожарена џамија во БерлинФотографија: picture alliance/dpa/P. Zinken

Ајман Мациек: „Ова е напад врз нашата демократија“

Бидејќи ваквите кривични дела се регистрираат систематски само од лани, речиси не се можни статистички споредби околу развојот на оваа форма на криминал. Подруга е ситуацијата ако се прави споредба со бројот деликти против другите религии: имало 1495 антисемитски мотивирани кривични дела, а христијаните и нивните установи биле засегнати во 127 случаи.

Ајман Мациек меѓутоа не сака да се впушта во „компензации“ од ваков вид. Сеедно дали станува збор за синагога, црква, џамија или храм: „тоа е напад врз нашата демократија, врз нашата земја, нашето слободарско општество“, вели тој. Исламските организации обединети во Координативен совет нагласено ги пофалуваат изразите на солидарност на локално ниво, посебно од берлинскиот актуелен градоначалник Михаел Милер од СПД.

Ајман Мациек, претседател на Централниот совет на муслиманите во ГерманијаФотографија: Getty Images/AFP/T. Schwarz

Побарувања до новиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер

Истовремено, тие со жалење констатираат отсуство на вакви сигнали на сочувство на сојузно ниво. Од новиот германски министер за внатрешни работи Хорст Зехофер тие очекуваат посериозно да ја сфати исламофобијата. „Кога горат џамии, тогаш во прва линија гори нашата земја“, вели Ајман Мациек, дури во втор ред е верската заедница или група.

Бурхан Кесичи од својастрана го критикува отсуството на сензибилност за темата кај службите за безбедност. Одделни полицајци покажуваат разбирање, но на прашањето што треба да се направи, „нѐ препраќаат од еден кај друг.“ Тука постои простор за поголема соработка, за на „муслиманите да им се пружи чувство на сигурност“, истакнува Кесичи.

...прочитајте уште: 

Меѓу дијалог и оддалечување

Џамиите во Германија не се „турски институции“

Претставниците на муслиманските организации очекуваат понекогаш подиференциран поглед на работите и од страна на медиумите. „Џамиите запалени од терористички групи не се турски институции“, вели Зекерија Алтуг, иако во последно време тие често токму така се означувани. Алтуг потенцира дека тоа се џамии во кои се собираат Германци, луѓе со турско, курдско, арапско или балканско потекло: „Кратко речено, мусимани од цел свет.“ 

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми