1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Критика за спогодбата за двојно државјанство

АТ/афп/дпа28 март 2014

„Неправедна и пребирократска“ вака претседателот на Турската заедница го оцени договорот на германската влада за двојното државјанство. Централниот совет на муслиманите пак „во основа е задоволен“ со спогодбата.

Symbolbild Doppelpass
Фотографија: picture-alliance/dpa

Турската заедница во Германија е разочарана од спогодбата за двојното државјанство на владината коалиција од конзервативците на канцеларката Меркел и социјалдемократите. „Тоа е закон за продолжување на опционалната обврска“, изјави претседателот на заедницата Кенат Колат за агенцијата Дпа. Спорната должност за изјаснување за една опција не е вистински укината. Наместо тоа настанува нова бирократија. Освен тоа нејасно е што ќе се случи со оние, кои веќе морале да вратат еден од нивните пасоши, вели Колат

Спогодба по долги натегања

Досега Германија им дозволува само на граѓани на ЕУ и на Швајцарците да поседуваат два пасоши. Меѓутоа и граѓани на многу други земји, покрај документите од нивните татковини без големи проблеми можат да добијат и германски пасош. Наспроти тоа децата на доселеничките семејства, родени во Германија, кои со раѓањето добиваат германски и пасош на земјата од каде потекнуваат родителите, до 23 година од животот мораат да се одлучат кое државјанство ќе го одберат. Ова пред сѐ ги погаѓа германските Турци. ЦДУ, ЦСУ и СПД по долги натегања сега постигнаа согласнсот, да ги укинат одредбите - но само за оние кои се родени во Германија и тука израснале.

Кенан КолатФотографија: picture-alliance/dpa

Вчера министерот за внатрешни работи Томас де Мезие и министерот за правда Хајко Мас соопштија дека биле надминати последните спорни прашања и дека постигнале спогодба за предлог законот. Според законот обврската за избирање една опција ќе треба да се укине за децата на родители доселеници, кои до 21 година живееле најмалку осум години во Германија или шест години оделе во Германија на училиште. Тие би смееле да го задржат двојното државјанство.

Младите, според плановите, уште по 21 роденден можат да поднесат барање за двојно државјанство - доколку ги имаат потребните докази: осум години престој во Германија, или шест години училишно образование или алтернативно потврда за стручна наобразба во Германија. Доколку младите самоиницијативно не преземат чекори, властите од своја страна ќе проверат дали се исполнети предусловите за двојно државјанство, штом некој ќе наполни 21 година.

„Зошто толку комплициран закон?“

Колат критикува дека постапката е многу комплицирана. Само еден мал број од погодените не растат во Германија. „Зошто за едно мало малцинство се подготвува толку комплициран закон?“, се жали претседателот на Турската заедница во Германија. „Тоа создава повеќе бирократија од досега“. Турската заедница бараше безусловно укинување на обврската за бирање опција и се залагаше за генерално да се допуштат двојните државјанства.

Наспроти ова Централниот совет на муслиманите пак „во основа е задоволен“ со спогодбата постигната меѓу партиите во владата. „Ова е правилен и вистински чекор кон модерно право за државјанство“, изјави претседателот Ајман Мазиек за радиото РББ. „Компромисот е сосем добро избалансиран, ако се знае дека СПД, ЦДУ и СЦУ тоа заеднички го носат. Мислам дека сме на вистинскиот пат“. Мазиек меѓутоа опомена: „Со големо жалење (...) констатиравме, дека голем дел од мигрантите не се опфатени, ние говориме за помладите, а постарите се исто така тука“.

Ајман МазиекФотографија: Privat

СПД имаше барање за да се допуштат двојните државјанства кога започна коалиционите преговори со Унијата, но не успеа да го пробие својот став. Сепак, токму поради тоа сега критика доаѓа и од редовите на социјалдемократите поради сегашниот компромис. Премиерот од Шлезвиг-Холштајн Торстен Албиг резултатот го нарече „многу незадоволителен“. За весникот„Франкфуртер алгемајне цајтунг“ тој изјави: „Останува огромниот, ненаклонет кон интеграцијата, бирократски монструм“. Шлезвиг-Холштајн како и покраините Баден- Виртемберг и Рајнланд-Пфалц и натаму се залагаат за целосно укинување на опцијата за избор за двојното државјанство.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми