Германија легално ќе извезува атомски отпад?
4 јануари 2013Атомскиот отпад е приказна за себе. Германците не знаат каде долгорочно да го складираат својот високорадиоктивен отпад. Сега спроведувањето на една одредба на ЕУ може да биде од помош. Весникот „Зидојче цајтунг“ известува дека германската влада има намера да создаде предуслови за извоз на високорадиоактивен атомски отпад во странство. Оваа опција би била овозможена со промена на законот за нуклеарна енергија. Според весникот измената на законот за нуклеарна енергија изработена од страна на министерството за животна средина предвидува можност, радиоактивни отпадоци или согорени горивни елементи да може да се депонираат долгорочно со складишта во странство.
Одредбата на ЕУ која го предвидува ова е усвоена во јули 2011 година по контроверзни дебати до Советот на министри на ЕУ, а Германија мора да ја спроведе во националното право. Во неа државите на ЕУ договорија обврзувачки норми за изградба на атомско крајно складиште и складирање на радиоактивните отпадоци. Складирање во странство оттука би било можно. Приоритет би имало складирање на отпадот во земјата членка, каде е и создаден. Германската измена на законот, според извештајот на весникот, повеќе не ја содржела оваа формулација. Како образложение се наведувало дека „спроведување на складирање во странство не било планирано од германската влада“, пишува „Зидојче цајтунг“.
Германското министерство за животна средина негираше дека се подготвувал извоз на атомски отпад. Станува збор за „еден со еден спроведување“ на одредбата на ЕУ. Без оглед на промената на законот за нуклеарна енергија, целта дефинитивно останува создавање на трајно складиште во Германија. Разговорите за барање трајно складиште со опозиционите партии СПД и Партијата на Зелените треба да продолжат на крајот на јануари, по покраинските избори во Долна Саксонија.
Германскиот министер за животна средина Петер Алтмајер од ЦДУ во меѓувреме уште еднаш подвлече дека за него „под ниту една замислива политичка констелација не постои шанса за ренесанса на нуклеарната енергија во Германија“, рече Алтмајер за „Лајпцигер фолксцајтунг“. Со ова му се спротивстави на еврокомесарот за енергија Гинтер Етингер. Овој политичар од ЦДУ неодамна рече дека смета дека во Германија е можно да има нови атомски централи.