1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бундестагот даде зелено светло за регистар за лобисти

Кристијан Валц
26 март 2021

Аферата со лобизмот во Македонија и Азарбејџан, како и скандалот со маски, ги разниша ЦДУ и ЦСУ. Сега Бундестагот договори регистар за лобисти. Критичарите сѐ уште не се задоволни.

Deutschland Bundestag Lobbyregister
Фотографија: Christoph Soeder/dpa/picture alliance

По долги дискусии, германскиот Бундестаг даде зелено светло за воведување регистар за лобисти. Законот донесен доцна вчеравечер ги обврзува професионалните застапници на интереси да се внесат во регистар и таму да ги наведат своите налогодавачи.

Регистарот во Бундестагот ќе се води дигитално и ќе биде достапен за јавноста. Со тоа во иднина би требало да се овозможи увид во тоа кој имал влијание врз политичките одлуки и законодавството.

Обврската да се внесат во регистарот за лобизам ќе важи за пратениците, пратеничките групи и сојузната влада, сѐ до раководителите на подсектори во министерствата.

Матијас Бартке од СПД, кој со ЦДУ и ЦСУ преговараше за регистарот, изјави дека станува збор за многу важен чекор, за кој неговата партија се борела над 10 години. Сепак, според него, има и нереализирани цели, што предизвикува незадоволство, а тоа е фактот што двете партии на Унијата (ЦДУ/ЦСУ) спречиле „егзекутивен отпечаток“.

Повеќе: 

Германски пратеник поднесе оставка затоа што лобирал за Груевски

Цех за лобирањето за Груевски: Политички недозволиво однесување

Поради лобистот на Груевски и аферата со маските - вонредна седница на претседателството на ЦСУ

Група европски пратеници лобирале за Груевски и за Азербејџан

Таков инструмент би покажал јасно како конкретно се менувале законските текстови под влијание на лобистите. Тоа би предизвикало ужасно многу бирократија, велат од ЦСУ, а од ЦДУ додаваат дека новото правило е „добро и одмерено“. Застапувањето интереси би морало да биде транспарентно, но тоа само по себе не е нешто што е лошо, оцени Патрик Шнидер од ЦДУ.

Опозицијата во Бундестагот смета дека договорените правила не се доволни. Организацијата Транспаренси Интернешнал (ТИ) исто така оцени дека има големи недостатоци. „И во динина нема да има транспарентност за конкретна лобистичка работа, или пак, во најдобар случај, ќе има мала транспарентност“, оцени шефот на ТИ за Германија, Хартмут Бојмер.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми