1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: Постепено укинување на обврската за носење маски

ЕМФ / дв
14 јуни 2021

Бројот на новоинфицирани со коронавирус во Германија е во опаѓање. Министерот за здравство Јенс Шпан најавува постепено укинување на обврската за носење маски.

Deutschland Berlin | Jens Spahn
Министерот за здравство Јенс ШпанФотографија: Andreas Gora/Getty Images

„При инциденции во опаѓање, би требало да преземаме чекори постепено: прво може да отпадне обврската за носење маски на отворено“, изјави германскиот министер за здравство Јенс Шпан за весниците од медиумската групација Функе. Во регионите со многу ниска инциденција и висока стапка на вакцинирање, обврската би можела да се укинува постепено и за затворени простории, вели тој: „Во секој случај, како препорака останува едноставното правило - ако не знаете дали треба, ставете маска, особено при патување и средби во затворени простории. Поголема безбедност има само ако сите присутни се или вакцинирани или редовно се тестираат.“

Министерката за правда Кристине Ламбрехт од покраините побара за расчистат дали и каде обврската за носење маски е сѐ уште соодветна. Тоа особено се однесува за учениците, кои мора да носат маски со часови. Тоа е оптоварување, рече Ламбрехт за весникот „Билд ам Зонтаг“.

Инаку, во Германија првпат по повеќе од осум месеци има помалку од 1000 новоинфицирани за 24 часа. Институтот „Роберт Кох“ регистрира 549 нови случаи. Бројот на новоинфицирани последет пат беше трицифрен во септември минатата година.

Повеќе:

Проблеми околу дигиталните пасоши за вакцинирани во Германија

Маски, пари и немање морал

Коронавирус: Маските на отворено немаат смисла, опасноста демне во затворени простории

Пред почетокот на летните одмори се почнува и со издавањето на дигитални сертификати за вакцинираните лица. Од денеска во аптеките сите кои добиле две дози вакцина може да добијат дигитален сертификат за вакцинација. Сепак, здруженијата на аптекари предупредуваат дека поради технички и организациски причини бројот на аптеки кои ќе издаваат дигитални сертификати засега е ограничен и затоа е потребно да се има малку трпение.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми