1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: Мајка осомничена дека си ги убила петте деца

БГ/ ДПА
3 септември 2020

Германскиот град Золинген е во шок откако денеска беа откриени безживотните тела на пет малолетни деца. Нивната 27-годишна мајка која се обидела да се самоубие е осомничена за убиство, соопшти полицијата.

Deutschland | Mehrere tote Kinder in Haus in Solingen gefunden
Зградата во Золинген во која се пронајдени безживотните тела на децатаФотографија: picture-alliance/dpa/G. Gattus

Три девојчиња на возраст од еднаипол, две и три години, и две момчиња на шест и осумгодишна возраст се пронајдени мртви во семејниот стан во градот Золинген на западот на Германија. Нивната мајка е пронајдена тешко повредена на шините на главната железничка станица во Диселдорф откако се обидела да се самоубие фрлајќи се под воз.
Нападот го преживеал само 11-годишниот син кој е сместен кај роднини на семејството. За настанот, полицијата била известена од бабата на децата.
Полицијата засега не соопштува никакви детали за причината за смртта на децата, и одбива да ги коментира шпекулациите дека тие биле затруени со таблети. Нема информации ниту за таткото на децата. Околу мотивот на мајката, полицијата очекува да дознае повеќе откако ќе биде во можност да ја испита.

„Во моментов не знаеме што, како и зошто точно се случило. Само дека ова е една многу трагична ситуација“, изјави портпарол на полицијата во Золинген.

Градоначалникот на Золинген Тим Курцбах по посетата на местото на злосторството рече дека е шокиран од настанот.
„Денеска е ден во кој сите во Золинген сме многу тажни, затоа што се случи нешто што сите не погоди длабоко во срце“, рече Курцбах.

Во последните години зачестија случаи во кои родителите си ги убиваат своите деца во Германија. Во април минатата година во покраината Северна Рајна Вестфалија, еден 41-годишен татко ги уби сопругата и трите деца и потоа изврши самоубиство фрлајќи се од мост.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми