1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Германија го затвора и небото за меѓународни летови

БГ/ ДПА
26 јануари 2021

Властите во Германија размислуваат дали целосно да ги сопрат меѓународните летови кон земјата за да го спречат ширењето на позаразните соеви на коронавирусот, потврди министерот за внатрешни работи.

Frankfurter Flughafen Fraport Passagierzahlen am Boden
Фотографија: Daniel Kubirski/picture alliance

Стравот од новите мутации на коронавирусот ја тераат владата во Берлин да размислува за уште порадикални мерки во обид да го спречи ширењето на пандемијата.
„Опасноста од бројните мутации на вирусот не принудува да размислуваме за драстични мерки“, изјави министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер за весникот Билд.
„Тоа вклучува значително построги гранични контроли, особено на границите кон високо-ризичните региони, но исто така и намалување на воздушниот сообраќај кон Германија на речиси нула, како што во моментов прави Израел“. 
Според информации од состанокот на германската владејачка партија ЦДУ, канцеларката Ангела Меркел препорачала „целосно да се забранат туристички патувања“. 

Појавата на новите соеви на вирусот во Британија и Јужна Африка, кои се сметаат за позаразни од оригиналниот вид, родија нови грижи во период кога многу држави тешко се справуваат со пандемијата.
Бавната вакцинација само ги зголеми тие грижи.

Германија е во перманентен локдаун од ноември минатата година кога најпрво беа затворени рестораните, баровите, културните објекти...а веќе во декември рестрикциите ги зафатија и училиштата и трговските објекти. Актуелните ограничувања ќе траат најмалку до средината на февруари.

Од неделата во земјата започнаа да важат заострени правила за влез од странство. Особено погодена е германско-чешката граница каде, поради големиот број Чеси кои работат во Германија, се создадоа големи колони за влез во земјата.

„Луѓето во Германија кои ги прифатија острите рестрикции очекуваат од нас да ги заштитиме на најдобар начин од експлозија на бројот на инфекции“, вели Зехофер.

Од почетокот на пандемијата во Германија беа регистрирани над два милиони случаи на ковид-19, а над 52 илјади луѓе починаа поради или со вирусот.

Ренесанса на ноќните возови во Европа

01:50

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми