1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Германија: Мерките против Ковид во согласност со Уставот

Рајнхард Клебер
30 ноември 2021

Во април 2021 година донесените мерки за сузбивање на пандемијата се во согласност со Уставот, оцени германскиот Уставен суд.

Deutschland Corona-Pandemie - Verfassungsgericht pocht auf Versammlungsfreiheit Symbolbild
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Deck

Уставниот суд отфрли неколку тужби против т.н. корона-кочница, која превдидува ограничувања на движењето и на контактите со цел да се сузбие пандемијата на Ковид-1. Ваквите ограничувања, според Уставниот суд, биле вои согласност со Уставот во „исклучителната опасна пандемиска состојба“. И покрај тоа што се навлегува во основните права, ваквите правила биле соодветни на ситуацијата, смета Уставниот суд.

И затворањето на училиштата во текот на изминатата пролет било во ред, сметаат уставните судии, кои отфрлија повеќе тужби на ученици и нивни родители против затворањето на училиштата.

Првиот Сенат на Уставниот суд во Карлсруе денеска објави два одвоени заклучока во врска со тужбите против ограничувањата на движењето и на контактите, како и против затворањето на училиштата.

Мерките против кои беа поднесени тужбите беа донесени воаприл 2021 година и важеа до јуни годинава. Таканаречената корона-кочница предвидуваше задолжителни меркикои мораа да се применат доколку седумдневната инциденција изнесуваше над 100.

Првиот Сенат на Уставниот суд треба да се произнесе по уште околу сто други тужби кои се однесуваат меѓу другото на ограничувања во трговијата на мало и хотелиерството.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми