За својата дипломатска умешност во решавањето на спорот околу името Македонија, бившите премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас се одликувани со престижната Мировна награда на Вестфалија за оваа година.
Реклама
За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, бившите премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас се одликувани со Мировната награда на Вестфалија за оваа година.
По повеќегодишниот спор, Македонија на 12 февруари 2019 година се преименува во Република Северна Македонија. Од прогласувањето на независноста на Македонија, Грција инсистираше северниот сосед да го промени државното име, поради тоа што стравуваше од територијални претензии кон истоимениот регион во северна Грција.
Договор за решавање на спорот за името
Договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција беше потпишан на 17 јуни 2018. Тој би требало да му стави крај на спорот кој трае четврт век. Но, до неговото конечно спроведување има уште работа.
Договорот за решавање на спорот за името во Псарадес, на грчката страна од Преспанското Езеро, го потпишаа министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас. „Горди сме затоа што избравме решение што нѐ обединува“, оцени македонскиот премиер Заев. Неговиот грчки колега Ципрас рече: „Овде сме да ги залечиме раните што ги остави времето, да отвориме пат за мир, братство и пораст“.
Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis
Роденден
Потпис на договорот стави и долгогодишниот посредник на Обединетите Нации во спорот за името, Метју Нимиц. Потпишувањето се падна токму на неговиот 79-ти роденден. „На членовите на моето семејството им реков дека не сакам подароци за овој роденден, зашто двајца премиери ќе ми дадат еден голем подарок“, рече Нимиц на церемонијата во Псарадес.
Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis
Вратоврска
Кога по потпишувањето на договорот требаше да се направи семејна фотографија од настанот, македонскиот премиер Зоран Заев, веројатно не сакајќи да се разликува од Алексис Ципрас, кој е познат по тоа што не носи вратоврски, ја извади својата црвена вратоврска и му ја подари на својот грчки колега. Тоа беше поздравено со широки насмевки и громогласен аплауз од присутните.
Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis
Договорот зачинет со македонска храна и вино
Официјалната средба по потпишувањето во Псарадес се префрли на македонскиот брег на Преспанското Езеро. Двете делегации до Отешево стигнаа по воден пат, со чамци. Во Отешево се водеа билатерални разговори и имаше свечен ручек. На заедничкиот ручек присуствуваа и претставниците на Европската Унија и Обединетите Нации – Федерика Могерини, Јоханес Хан, Метју Нимиц и Розмари Ди Карло.
Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis
Протести во Скопје
Потпишувањето на договорот за решавање на спорот за името предизвика протести во Македонија. Демонстрантите пред Собранието на 17.06.2018 се судрија со полицијата. Во безредијата имаше повредени и приведени лица. Според полициски наводи, има неколку повредени полицајци, како и над 25 уапсени учесници на протестите. Официјален организатор на протестите нема.
Во Грција исто така се протестира. Противниците на договорот за решавање на спорот за името во Атина за време на расправата за доверба на владата на Ципрас се судрија со полицијата пред парламентарната зграда (фото: 16.06.2018). Полицијата мораше да употреби солзавец за да ја разбие толпата која се обиде да влезе во парламентарната зграда. Владата го преживеа гласањето.
Фотографија: Reuters/C. Baltas
Уште многу работа
Ставањето потпис на Конечната спогодба за решавање на спорот за името е само еден од чекорите кои следуваат во наредните месеци до конечно решение. Следува ратификација во македонското Собрание, референдум на кој македонските граѓани ќе се изјаснат за договорот, а потоа и ратификација во грчкиот парламент.
Младинската награда која се доделува во рамките на Мировната награда на Вестфалија, овојпат оди кај Иницијативата Пошумување на планетата. Организацијата врши „беспримерен и конкретен придонес“ за остварување на климатските цели, изјави Цинкан. Иницијативата е основана во 2007 година од тогаш деветгодишниот ученик Феликс Финкбајнер, а во меѓувреме низ цел свет реализираше засадување на околу 13,6 милијарди дрвја.
Признанијата се дотирани со 100.000 евра кои се делат меѓу добитниците. Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 19 септември во градот Минстер. За претходно е планирано одржување на дводневен Минстерски самит на тема мир и одржливост, на кој покрај носителите на признанијата ќе присуствува и Федерика Могерини, поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика.
Наградата на Вестфалија за мир се доделува секои две години, почнувајќи од 1998 година. Таа е донирана од Економското здружение на Вестфалија и Липе, унија на повеќе претпријатија. Одликувањето го одржува во живот споменот на Вестфалскиот мир, склучен во 1648 година во Минстер и Оснабрик. Историскиот договор го запечати крајот на Триесетгодишната војна (1618-1648).
Одликувањето им се дава на поединци и институции кои станале пример со својата работа и залагање за мир. Меѓу досегашните добитници на признанието се вбројуваат и поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел, поранешните германски канцелари Хелмут Кол и Хелмут Шмит, како и поранешниот генерален секретар на ОН – Кофи Анан.