Германскиот канцелар Олаф Шолц одобри вкупно две милијарди евра за дополнителна воена помош за странство. Од тоа, само за Украина - значително повеќе од милијарда евра.
Реклама
Притисокот врз канцеларот Олаф Шолц и врз германската влада на Украина да ѝ се пружи поголема воена помош во последните денови постојано растеше и од редовите на политичарите од владеачката коалиција. Сега Шолц реагираше и најави дека обезбедил вкупно два милиони евра дополнителна воена помош - од што значително повеќе од милијарда евра ќе одат директно во Украина, јави првата програма на германскиот јавен сервис- АРД.
Дополнителни средства
Украинците овие пари ќе можат да ги користат за купување оружје кое го сакаат - во консултации со САД и со другите партнери.
81-годишниот учител Пјотр во одбрана на Украина
01:34
Ако купат оружје од Германија, извозот мора да го одобри сојузниот министер за економија, Роберт Хабек. Од пакетот, 400 милиони евра се наменети за European Peace Facility, кој купува оружје за Украина. Останатите 400 милиони евра се за други земји...
Овие две милијарди евра за набавка на оружје за Украина не се дел од претходно најавениот посебен фонд за модернизирање на Бундесверот од 100 милијарди евра, туку се работи за дополнителни пари, зголемување на овој годинешнен буџет. Министерот за финансии, Кристијан Линднер, ја потврди оваа одлука во петок вечер. „Медиумските извештаи се точни“, напиша тој на Твитер. „Канцеларот Шолц благовремено побара зголемување на буџетот.“
Барањата на Украина
Украина од германската влада постојано бара да ѝ испорача тешко вооружување вклучувајќи и тенкови. Така украинскиот министер за надворешни работи, Димитро Кулеба, во четвртокот во едно интервју за германската телевизија побара од Шолц брза испорака на германско оружје.
Мариупол, градот кој не се предава
Во четвртата недела од руската агресија врз Украина, нападите врз цивилното население се засилуваат. Додека оние кои можат бегаат од Мариупол, Киев одбива предавање на опколениот град.
Фотографија: Str/AA/picture alliance
Егзодус од Мариупол
Изминатата недела, десетици илјади луѓе се обидуваат да избегаат од уништениот град Мариупол. Од почетокот на војната, стратешки важниот јужен пристаништен град е соочен со непрекинато бомбардирање и ракетни напади, голем дел врз цивилни цели. Според руски извори, околу 130.000 од 440.000 жители на градот и натаму се во него.
Фотографија: Str/AA/picture alliance
Уништен град
По четиринеделно непрекинато бомбардирање, во градот повеќе не може да се живее. Според градската администрација, 80% од становите се уништени. Многу фотографии од Мариупол прикажуваат уништени или изгорени станбени згради, како оваа на руската државна агенција Тасс.
Руските напади врз цивилни цели во Украина наведоа повеќе западни политичари да зборуваат за руски „воени злосторства“. Меѓу нив се германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок и шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел. Борел рече дека Русија ја уништува Украина без никаква почит за правилата на војување.
Фотографија: REUTERS
Русија тврди дека напаѓа само стратешки цели
Русија тврди дека напаѓа само стратешки и воени цели. Москва ја обвинува украинската единица „Азовски баталјон“ за ракетирањето на театарот во Мариупол. Стотици луѓе се спасија од урнатините, благодарение на бункер во подрумот на театарот, кој сега е целосно уништен.
Проруските сепаратисти, кои го контролираат регионот Доњецк во источна Украина, ги набљудуваат излезите од градот. Тие се отворени само за невооружени цивили кои сакаат да си заминат од градот.
Фотографија: Str/AA/picture alliance
„Евакуирани“ на непријателска територија
Оваа фотографија, објавена од руската државна агенција Тасс, прикажува луѓе евакуирани од Мариупол во окупираниот Доњецк. Русија тврди дека сака да им обезбеди заштита на украинските бегалци. Градскиот совет на Мариупол, пак, ја обвинува Русија дека им дозволува на сепаратистите насила да ги одведуваат украинските бегалци во Русија.
Мариупол не е единствениот украински град погоден од руските напади. Во северна и источна Украина, ракети и гранати непрекинато паѓаат врз големи градови како Суми, Харков и Киев. Ова се остатоците од трговски центар во Киев откако беше погоден од руски проектил. Четири лица загинаа во нападот.
Фотографија: Daniel Ceng Shou-Yi/ZUMAPRESS/picture alliance
Ukraine rejects surrender of Mariupol
On Sunday, Russia had given Ukraine an ultimatum to surrender Mariupol by Monday afternoon. Ukraine rejected the demand. Instead, thousands of civilians again left the city, which the Ukrainian government says is under continuous fire. According to Russian separatist leader Denis Pushilin, the battle for Mariupol could last weeks longer.
„Се надевам дека Шолц ќе донесе позитивна одлука“, рече Кулеба додавајќи оти аргументите против испораката на ова оружје не се цврсти. Противниците за испораката на тешко вооружување на Украина главно како причина ја наведуваат опасноста од натамошна ескалација на војната, евентуално и надвор од границите на Украина.
Притисок врз Шолц
Шолц досега на овие барања реагираше многу воздржано, што во Германија предизвикуваше сѐ поголемо незадоволство. Така, канцеларот неодамна јавно беше критикува поради својот неодлучен став од страна на коалициските партнери Либералите и Зелените, а сѐ повеќе критички гласови пристигаа и од Социјалдемократската партија на канцеларот.
„Канцеларот е проблем“, изјави за магазинот Шпигел претседателот на Европскиот одбор во германскиот парламент, Антон Хофрајтер од партијата Зелените. „Германија мора да преземе одговорност во Европа - а, тука пред сѐ е канцеларот на потег“, рече Хофрајтер и додаде оти без разлика во кои европски земји патува, секогаш се среќава со прашањето: Каде е Германија?
И сојузниот министер за економија, Роберт Хабек, е за зголемување на испораката на оружје за Украина. „Мора да стигне повеќе оружје“, изјави овој политичар.