1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Германија: Намален степенот на ризик од коронавирус

ЖА / агенции
1 јуни 2021

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан меѓутоа предупреди: „И покрај опаѓачкиот број на случаи и напредокот во вакцинирањето, уште сме среде пандемија.“

Deutschland Düsseldorf | Coronavirus-Lockerungen
Фотографија: Ying Tang/NurPhoto/picture alliance

Институтот Роберт Кох ја намали проценката за ризикот од коронавирус во Германија за еден степен, од „многу висок“ во „висок“. Тоа денеска на прес конференција во Берлин го соопштија директорот на ИРК, Лотар Вилер и сојузниот министер за здравство, Јенс Шпан, укажувајќи на позитивниот тренд во развојот на инфекцијата, бројот на новоинфицирани за седум дена на 100.000 жители се симна на 35.

„Ситуацијата се подобрува“, изјави Шпан, инциденцата опаѓа, кампањата за вакцинирање тече паралелно со „полна пареа и веќе покажува ефекти". Доколку продолжи овој тренд, Германците може да се надеваат на вистински добро лето, а граѓаните макотрпно ги одработија овие напредоци, рече министерот, но истовремено предупреди: „Сепак, се наоѓаме уште среде пандемија“. Намалувачките бројки на новоинфицирани и порастоварената состојба во болниците овозможува укинување на голем дел од рестрикциите, но поглед на пример кон Велика Британија покажува дека и покрај напреднатата имунолошка кампања, ситуацијата може повторно да се искомплицира поради појавата на мутации на вирусот.

Повеќе:

Вакцинација во Германија: Термини за сите, но и апел за трпеливост

Германија (засега) ќе ги признава само вакцините одобрени во ЕУ

Чудото од Лиг- германско село без ниту еден случај на Ковид-19

Лотар Вилер исто така изрази задоволство од позитивниот развој во последните недели – од преку 400 окрузи во Германија во само уште четири постои седумдневна инциденца со вредност над 100. Во болниците има намален број на пациенти, исто и во одделенијата за интензивна нега.

Но, сѐуште има многу смртни случаи, предупреди Вилер, регистрирани се околу 1000 смртни случаи неделно, иако и тука бројот бележи назадување.

Поволниот развој се должи посебно на граѓаните кои се придржуваат на епидемиолошките правила и кои се вакцинираат, а тоа треба да продолжи и во наредниот период, истакна Вилер.

Степенот на ризик од коронавирус „многу висок“ во Германија важи од средината на декември.

Министерот за здравство Јенс Шпан ја повтори целта на владата – на голем дел од населението во текот на идните недели да им биде направена понуда за примање прва доза од вакцините. Неа веќе ја има примено речиси половина од полнолетното население, а со оглед на очекуваните поголеми пратки на вакцини наскоро на ред треба да дојдат и останатите.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми