1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: Најмалку 8,5 евра за работен час

ЖА/дпа/афп2 април 2014

Од идната година во Германија ќе важи минимална заработувачка од 8,5 евра бруто на час. Но, постојат исклучоци, околу кои коалициските партнери огорчено спореа.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Денешната (02.04) одлука на германската влада за минимална плата германската министерка за труд Андреа Налес ја оцени како преломен момент и историски ден. Од 2015. година помала заработувачка од 8,5 евра на час ќе биде можна само во исклучоци.

„Ова е добра вест за луѓето кои напорно работат, но не можат да живеат од својот труд“, изјави министерката. Тоа важи и за странските работници ангажирани во Германија. Со тоа законскиот предлог го спречува дампингот и човечки недостојното ниво на плаќање од што се засегнати милиони работници. Ова беше проект и желба на Социјалдемократската партија, против што имаше отпори кај коалициските партнери во владата: Христијанско демократската и Христијанско социјалната унија. Налес е горда на компромисот и успехот на СПД, со оглед на тоа што партијата претходно како предлог ја имаше и заработувачката од десет евра на час. Натамошни зголемувања се можни преку тарифните договори, односно рамковните договори, а првите можат да се очекуваат од 2017 година.

Но, договорениот минимум заработувачка не важи за сите,туку постојат и исклучоци: децата и младите без завршено оформено образование, учениците кои вршат обука, практикантите - ангажирани максимално шест недели, не се опфатени со законот. Посебно жестока е критиката на изземањето на луѓето со долг стаж без работа. Оние кои биле невработени подолго од една година, смеат да бидат вработени половина година под границата на плаќање од 8,5 евра на час. Организацијата на младите социјалдемократи го критикува владиното решение - тоа е полно со дупки како швајцарско сирење, велат младите политичари. Во дебатата инаку се аргументираше дека преку минималната плата некои бранши веќе нема да бидат конкурентни, на пример гастрономијата и услужните дејности.

Во некои бранши можно е и зголемување на цените, предупредуваат некои економисти.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми