Најмногу работни дозволи за градежници од Балканот
ЕМФ /welt.de
2 октомври 2017
Бројот на работни дозволи за луѓето од Западен Балкан во Германија за првите осум месеци од годинава се зголемил за 70%, пишува весникот „Велт“.
Реклама
Работа во Германија - тоа за многу луѓе од земјите од Западен Балкан претставува единствен начин да избегаат од невработеноста во својата земја, пишува денеска весникот „Велт“, кој го анализира процесот на издавање работни дозволи за граѓаните од државите од регионот. Повикувајќи се на Сојузната агенција за работа, весникот пишува дека „во првите осум месеци бројот на работни дозволи се зголемил за 70% и изнесува 63.000“. Тоа значи дека „секоја трета работна дозвола за заинтересирани кандидати од трети држави е издадена на некој граѓанин од земјите на Западен Балкан“.
Потенцирајќи дека олеснетите услови за добивање работна дозвола се воведени на почетокот на 2016 година, за на тој начин да се намали притисокот врз властите за доделување азил, „Велт“ објаснува дека државите од регионот беа прогласени за сигурни земји на потекло, што значи дека шансите за добивање азил за луѓето од тие земји беа сведени практично на нула, а за сметка на тоа беше обезбеден привилегиран пристап од германскиот пазар за работа.
„За разлика од вообичаениот процес на доселување во Германија за луѓето од трети земји, дозволите (во случајот на Западен Балкан, н.з.) не се доделуваат според квалификација. На пример, за да се добие т. н. сина карта за висококвалификувани во Германија мора да се докаже дека ќе се заработува најмалку 50.000 евра бруто годишно. За професии каде има голема потреба од стручна работна сила таа граница е 39.000 евра... Во случајот на државите од Западен Балкан ваквите услови не важат. Соодветно на тоа ниска е и квалификацијата на лицата кои бараат работа. Само 3,4% од кандидатите за работа се со завршено универзитетско образование или специјалисти. Во 47% од случаите во кои е доделена работна дозвола се работи за лица кои извршуваат помошна дејност. Тоа што и ваквите лица наоѓаат работа во Германија, се должи на добрата конјунктура во земјата. Во некои региони од Германија речиси и не можат да се најдат работници. Тоа особено важи за јужна Германија“, пишува весникот „Велт“.
Во уште еден текст на оваа тема во истиот весник, се наведува дека најмногу работни дозволиво Германија им се дадени на кандидати кои бараат работа во градежништвото (половина од работните дозволи се дадени за градежни рбаотници), а за работна сила од Балканот побарувачката е голема и во угостителството, но се бараат и негуватели на стари лица, хигиеничари и градинари.
11 зборови кои ви се потребни за работа во Германија
Сакате да работите во Германија? Научете ги овие 11 зборови. И да, бирократија е едниот од нив!
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Sauer
Büro(kratie)/Бирократи
Многумина не работат во канцеларија, но доколку работите во Германија, канцеларија се вика „Büro“. Се разбира, од биро до бирократија нема голема разлика и многу канцеларии во Германија го исполнуваат стереотипот со тоа што ги ставаат работите во кутии, наместо да размислуваат надвор од нив. Ова може да доведе до многу „Amtsschimmel“ што во буквален превод значи канцелариска мувла.
Фотографија: Olaf Wandruschka - Fotolia.com
Chef/Шеф
Секој вработен во Германија има „Chef“. Тоа е нивниот претпоставен и не, тој не готви за нив. Доколку претпоставениот е жена, тогаш се вика „Chefin“. Зборот е предизвик и „лажен пријател“ за Германците кои учат англиски јазик. Но, зарем не би сакале да имате личен готвач? Тој луксуз е резервиран само за врвните директори – кои немаат претпоставени.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Telko/Телко
Добрата комуникација е клучна за успешно завршување на работите, нели? Во модерниот и глобализиран свет сите со кои треба да комуницирате не се во вашата зграда. За голем број од вработените, телефонските конференции, „ Telefonkonferenz “, се секојдневна рутина. Германците сакаат да ги кратат зборовите па така „Telefonkonferenz“ станува „Telko “.
Фотографија: Gajus - Fotolia.com
Gleitzeit/Глајтцајт
"Gleitzeit" – во буквален превод значи „лизгаво време“ и е сон за сите кои не се ранобудци. Тоа е флексибилно време. Додека колегите го пијат третото кафе во 9:59 часот наутро, можете да дојдете на работа пред да почне најдинамичниот дел од работниот ден. Но, тоа можете да го направите само доколку некој од вашите колеги не закажал „Telko “ во 8 часот.
Фотографија: Colourbox
Kantine/Кантине
Јадењето на топол оброк за ручек е многу важно во Германија. Голем дел од компаниите нудат „Kantine“, односно кафетерија/кантина каде што може да се најдат традиционални јадења. Доколку внимавате на вашата тежина, тогаш добра идеја би било да си понесете јадење од дома. Во секој случај, кога Германец ќе види дека јадете ќе ви рече "Mahlzeit", односно „пријатно јадење“.
Фотографија: Imago
Quereinsteiger/Кверајнштајгер
Во Германија, вообичаено е луѓето да работат во полето во кое биле образувани и долго да останат на тоа работно место. Неретко е многу тешко да ја промените работата затоа што голем дел од работодавачите очекуваат дипломи и сертификати од нивната област. За оние кои успеаваат да се преориентираат има посебен збор: "Quereinsteiger", што во буквален превод значи - страничен сурфер.
Фотографија: Colourbox/Pressmaster
Ausgleichstag/Аусглајхстаг
Работевте прекувремено во последно време? Тогаш време е да ги земете заработените пари и да одите на „Ausgleichstag“, односно да земете слободен ден за компензација. Доколку имате само еден ден и живеете на северниот брег, можете да прошетате по плажа. Но, доколку ви се собрани повеќе денови, имате доволно време да организирате некое подолго патување. Само мобилниот телефон оставете го дома.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Naupold
Betriebsrat/Бетрибсрат
Да се биде фер е приоритет во германската работна средина и секоја компанија задолжително мора да има „Betriebsrat“, односно совет на вработени кои ги застапуваат своите колеги. Тие се медијатори и ги олеснуваат преговорите со менаџментот со цел да се осигураат дека сѐ тече како што треба. Ако размислувате да се кандидирате за некоја јавна функција, „Betriebsrat“ е добро место за почеток.
Терминот значи „одговорно лице за обезбедување на еднакви можности“. Позади импресивната титула, стои важна улога која обезбедува фер работна средина. Овие лица учествуваат во процесот на регрутирање на нови работници и се присутни на интервјуата. Нивната задача е да се осигураат дека жените, лицата со попреченост и малцинствата имаат исти можности при вработувањето како сите други.
Фотографија: Fotolia/Andrey_Arkusha
Elternzeit/Елтернцајт
Се преведува како „време за родителите“, но во пракса тоа е всушност „време за децата“. Стапката на новородени во Германија е толку ниска што потенцијалните родители се мотивираат со 12 до 14 месеци платено отсуство од работа, т.е. „Elternzeit“, а по раѓањето на детето, на родителите им се гарантирани следните 3 години на работното место.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Feierabend(bier)/Фајерабенд(биер)
Сите добри нешта имаат крај (дури и работниот ден). Во Германија, тогаш започнува забавата (дури и за канцеларката). Крајот на работниот ден се нарекува „Feierabend“- „време за забава“. За освежителниот пијалок во кој речиси сите возрасни уживаат на крајот на денот има посебен збор „Feierabendbier“, односно пиво за крај на работниот ден.