1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија на врвот на листата на ФИФА

БГ/афп17 јули 2014

По победата на Светското првенство во фудбал во Бразил, германската фудбалска репрезентација се искачи и на врвот на ранг-листата на ФИФА, за првпат по 20 години

Фотографија: Reuters

Победата од 1:0 над Аргентина во финалето на Мундијалот во Бразил и го донесе на Германија и водечкото место на ранг-листата на ФИФА која беше објавена денеска.

Вицешампионите Аргентина се на второто, што е подобрување за три места во однос на претходниот пласман, додека Холандија напредуваше за 12 места и сега е на третото, со што всушност е пресликан и пласманот на шампионот. На четвртото место е репрезентацијата на Колумбија, која беше едно од најпријатните изненадувања на првенството, а зад неа четвртфиналистот Белгија и на шестата позиција е Уругвај. Домаќинот Бразил, по разочарувачкиот настап падна за четири места на листата и сега е на седмото место.

Првите десет репрезентации ги комплетираат поранешниот светски првак Шпанија на осмото, Швајцарија на деветтото и Франција на десетото место.

Меѓу првите 20 репрезентации во светот се пласираа и две балкански- Хрватска на 17. и Босна и Херцеговина на 19. место.

Репрезентацијата на Македонија напредуваше за шест места на ранг-листата на ФИФА и се наоѓа на 74. позиција.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми