1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Џејми Ли верува во себе

ЖА/дпа 14 мај 2016

Која е 18-годишната Џејми-Ли која ја претставува Германија на Евросонг во Стокхолм?

Фотографија: Reuters/TT News Agency/J. Ekstromer

Германски претставник во финалето на Евросонг во Шведска, на кое учествуваат 26 земји, е 18-годишната Џејми-Ли Кривиц.

„Ако бидам задоволна со својот настап, дури и да завршам на дното на табелата, нема да има што да си префрлам“, прагматично изјави таа пред почетокот на финалната вечер.

Џејми -Ли Кривиц навистина ја краси - сопствен стил. Можеби тој не се допаѓа секому, но едно е сигурно - оваа млада девојка е прилично упадлива. Уште при изборот на германски претставник за Песна на Евровизија изненади со својот изглед. Беше облечена во шарена облека во стил на јапонска Манга, на главата имаше чудна „покривка“ (тешко е тоа да се нарече шешир), беше накитена со приврзоци со животински ликови. Таа истакнува - нејзината облека е од веганска изработка, без било какви животински производи. Сама себе си се нарекува фан на К-поп, односно популарна музика од Јужна Кореја, вели дека отсекогаш се интерсирала за Азија, тамошниот стил на облекување и јапонскте цртани филмови.

Кариерата на оваа девојка, која живее кај родителите, почна лани со победа на музичкиот натпревар „Гласот на Германија", а потоа и со натпреварот за германски претставник на Евросонг.

Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Carstensen

Поради музичките настапи таа ја пропушти матурата, наесен ќе оди на турнеја, па потоа ќе решава како ќе продолжи натаму во животот.

На Џејми-Ли не и‘ недостига самодоверба. Во едно интервју изјави: „Имам необичен глас, изгледам необично и верувам дека тоа е мојата предност.“

Евросонг- Џејми-Ли пее за Германија

00:39

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми