1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Германија: Непроменето висока опасност од тероризам

9 март 2017

Три месеци по исламистичкиот атентат врз божиќен пазар во Берлин, германската Служба за заштита на уставот не исклучува нови напади. Раководителот Масен има и други причини за загриженост околу безбедноста во земјата.

Deutschland LKW nach dem Anschlag am Breitscheidplatz in Berlin
Фотографија: Reuters/H. Hanschke

Она што германските служби за безбедност, делумно со поддршка од странски тајни служби, долго успеваа да го спречат, пред три месеци, кратко пред Божик, сепак се случи - терористички атентат со бројни жртви. Исламистот Анис Амри лани на 19. декември одведе во смрт 12 луѓе, влетувајќи со украден камион во божиќен пазар. Претседателот на Германската служба за заштита на уставот Ханс Георг Масен изрече ново предупредување: „Во Германија постои непроменето висока опасност од напади.“ 

Како важен индикатор тој го користи високиот број на укажувања, кои неговата служба ги добива од странство. „Констатираме квалитативна промена на стигнатите укажувања“, изјави Масен пред новинарите. Притоа, се врши детална проверка на секоја информација. Само по нападот во Берлин до почетокот на годинава, се обработени 20 т.н. неспецифични укажувања за постоење опасност. Нивната проверка во најповолен случај може да значи откривање на конкретни планови за напад и спречување атентати. 

Терор-алармот ѕвони сѐ почесто

За Службата за заштита на уставот како мерливи успеси служат и сознанијата добиени при претресите и полициските рации. Во овој контекст сѐ позначајна е улогата на „Дежурниот телефон за исламски тероризам“, ХиТ. Бројот на контактирања од 1100 во 2015. година, лани е повеќе од двојно зголемен. Масен јавува за пораст и кај категоријата на т.н. насилно ориентирани исламисти, актуелно во неа спаѓаат речиси 1600 лица со „исламистичко-терористички потенцијал.“ Дека Германија повеќе од било кога е во фокусот на терористичката милиција Исламска држава, за Масен е целосно недвојбено.

Масовен собир на приврзениците на Ердоган во Келн во 2016. годинаФотографија: picture alliance/dpa/O. Berg

Но, тој е загрижен и поради настаните во Турција: „Одпоодамна заклучуваме дека конфликтите во Турција се реперкуираат и врз безбедносната ситуација во Германија.“ Постои опасност од ескалација на судирите меѓу приврзениците на курдската ПКК, која  и во Германија е оквалификувана како терористичка организација и десноекстремните Турци.

Искрата може брзо да доведе до пламен

Заострувачкиот спор меѓу владите во Анкара и во Берлин околу настапите на турски политичари во Германија во улога на агитатори за претстојниот референдум за уставни промени во Турција, може лесно да биде решавачката искра, стравуваат познавачите на сцената. Или, според зборовите на Масен: „Линиите на расцеп меѓу различните табори во Турција се пресликуваат идентично и во Германија.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми