1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија не е многу атрактивна за странски стручњаци

ЖА / агенции
29 мај 2019

Германија не е најатрактивна цел за странските стручњаци, покажува нова студија на ОЕЦД, но затоа поентира во областа на студиите и кај бизнисмените.

Europa Visa - Blaue Karte für ausländische Fachkräfte
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Karmann

За странските стручњаци, Германија не е првата адреса, нејзината атрактивност е просечна - ова е резултат на заедничка студија на Организацијата за европска безбедност и соработка и Фондацијата Бертелсман, презентирана денеска во Берлин. На листата на најпосакувани одредишта за луѓето со мастер дипломи или докторска титула, Германија го зазема дури 12-то место. На прво место се наоѓа Австралија, следат Шведска и Швајцарија, а САД се рангирани на седмо место. На последната скала меѓу 35 држави вклучени во споредбата, се наоѓа Турција. Во испитувањето бил вклучен квалитетот на професионални шанси, примањата, даноци, можности за членовите на семејствата, условите за влез и престој, перспективата, како и општествениот диверзитет и животниот квалитет. Една од причините за лошиот пласман на Германија е што странските дипломи на германскиот пазар често не се се соодветно ценети.

Повеќе: 

Германија подготвува нов закон за привлекување стручњаци

Германија засилено бара стручни работници од странство

Германија бара 1.000.000 работници

„За стручњаците важен фактор е и брзината на добивање виза, но за многумина од нив исто толку важност имаат и рамковните услови за нивните партнери и децата“, изјави директорот за ресорот за труд и социјала во ОЕЦД, Стефано Скарпета. Студијата покажува дека Германија има поголема привлечна сила кај други групи потенцијални мигранти. На листата за најомилени одредишта за странските студенти Германија се пласира на трето место, зад Швајцарија и Норвешка. Германија е шеста по ред на ранг-листата за нудење најдобри услови за бизнисмените, каде водат Канада и Нов Зеланд, а следуваат Швајцарија и скандинавските држави Шведска и Норвешка.

„Позитивно е што Германија нуди добри можности посебно за странски студенти, но на пократок и среден рок потребно ни е поголемо доселување на веќе високообразовани луѓе, за кои досега Германија за жал не е посебно атрактивна“, истакна Јерг Дрегер, претседател на Фондацијата Бертелсман.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми