Живеете на Балканот и сакате да работите во Германија? Заборавете на азил или работа на црно, и легално побарајте работна дозвола.
Реклама
Имено, од крајот на 2015. година во сила стапи ткн. Регулатива за Западен Балкан. Што значи таа конкретно и кој најмногу профитираше? Поедноставената процедура би требало да им го олесни легалното доаѓање на граѓаните на земјите од Западниот Балкан. Но, олеснувањата не се исти за сите .
Додека за физичарите, математичарите, инжинерите, лекарите и информатичарите долната граница за добивање на „сината карта“ е спуштена на 40.000 евра, за останатите академски граѓани и натаму е 50.000 евра годишна плата.
#DE_facto: Сѐ повеќе луѓе од Западен Балкан легално работат во Германија
02:36
За занаетчиите додуша не постојат парични ограничувања, но медицинскиот персонал, механичари, возачи и фризери многу полесно добиваат работа во Германија од, на пример, трговци или секретарки.
Покрај олеснувањата заинтересираните кандидати мораат да се справат со куп бирократски процедури. Сепак, во 2017. бројот на издадени работни дозволи се зголеми за 60%. Но, истовремено порасна и бројот на одбиени. До октомври 2017 Сојузното биро за работа издало речиси 63.000 работни дозволи, а одбило 17.500. Најмногу доаѓаат Албанци, на второ место се граѓаните на Босна и Херцеговина а на трето оние од Србија.
63.000 работни дозволи звучи многу. Но, со оглед на тоа колку на Германците им недостасува работна сила, тоа е многу малку- и речиси безначајно.
11 зборови кои ви се потребни за работа во Германија
Сакате да работите во Германија? Научете ги овие 11 зборови. И да, бирократија е едниот од нив!
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Sauer
Büro(kratie)/Бирократи
Многумина не работат во канцеларија, но доколку работите во Германија, канцеларија се вика „Büro“. Се разбира, од биро до бирократија нема голема разлика и многу канцеларии во Германија го исполнуваат стереотипот со тоа што ги ставаат работите во кутии, наместо да размислуваат надвор од нив. Ова може да доведе до многу „Amtsschimmel“ што во буквален превод значи канцелариска мувла.
Фотографија: Olaf Wandruschka - Fotolia.com
Chef/Шеф
Секој вработен во Германија има „Chef“. Тоа е нивниот претпоставен и не, тој не готви за нив. Доколку претпоставениот е жена, тогаш се вика „Chefin“. Зборот е предизвик и „лажен пријател“ за Германците кои учат англиски јазик. Но, зарем не би сакале да имате личен готвач? Тој луксуз е резервиран само за врвните директори – кои немаат претпоставени.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Telko/Телко
Добрата комуникација е клучна за успешно завршување на работите, нели? Во модерниот и глобализиран свет сите со кои треба да комуницирате не се во вашата зграда. За голем број од вработените, телефонските конференции, „ Telefonkonferenz “, се секојдневна рутина. Германците сакаат да ги кратат зборовите па така „Telefonkonferenz“ станува „Telko “.
Фотографија: Gajus - Fotolia.com
Gleitzeit/Глајтцајт
"Gleitzeit" – во буквален превод значи „лизгаво време“ и е сон за сите кои не се ранобудци. Тоа е флексибилно време. Додека колегите го пијат третото кафе во 9:59 часот наутро, можете да дојдете на работа пред да почне најдинамичниот дел од работниот ден. Но, тоа можете да го направите само доколку некој од вашите колеги не закажал „Telko “ во 8 часот.
Фотографија: Colourbox
Kantine/Кантине
Јадењето на топол оброк за ручек е многу важно во Германија. Голем дел од компаниите нудат „Kantine“, односно кафетерија/кантина каде што може да се најдат традиционални јадења. Доколку внимавате на вашата тежина, тогаш добра идеја би било да си понесете јадење од дома. Во секој случај, кога Германец ќе види дека јадете ќе ви рече "Mahlzeit", односно „пријатно јадење“.
Фотографија: Imago
Quereinsteiger/Кверајнштајгер
Во Германија, вообичаено е луѓето да работат во полето во кое биле образувани и долго да останат на тоа работно место. Неретко е многу тешко да ја промените работата затоа што голем дел од работодавачите очекуваат дипломи и сертификати од нивната област. За оние кои успеаваат да се преориентираат има посебен збор: "Quereinsteiger", што во буквален превод значи - страничен сурфер.
Фотографија: Colourbox/Pressmaster
Ausgleichstag/Аусглајхстаг
Работевте прекувремено во последно време? Тогаш време е да ги земете заработените пари и да одите на „Ausgleichstag“, односно да земете слободен ден за компензација. Доколку имате само еден ден и живеете на северниот брег, можете да прошетате по плажа. Но, доколку ви се собрани повеќе денови, имате доволно време да организирате некое подолго патување. Само мобилниот телефон оставете го дома.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Naupold
Betriebsrat/Бетрибсрат
Да се биде фер е приоритет во германската работна средина и секоја компанија задолжително мора да има „Betriebsrat“, односно совет на вработени кои ги застапуваат своите колеги. Тие се медијатори и ги олеснуваат преговорите со менаџментот со цел да се осигураат дека сѐ тече како што треба. Ако размислувате да се кандидирате за некоја јавна функција, „Betriebsrat“ е добро место за почеток.
Терминот значи „одговорно лице за обезбедување на еднакви можности“. Позади импресивната титула, стои важна улога која обезбедува фер работна средина. Овие лица учествуваат во процесот на регрутирање на нови работници и се присутни на интервјуата. Нивната задача е да се осигураат дека жените, лицата со попреченост и малцинствата имаат исти можности при вработувањето како сите други.
Фотографија: Fotolia/Andrey_Arkusha
Elternzeit/Елтернцајт
Се преведува како „време за родителите“, но во пракса тоа е всушност „време за децата“. Стапката на новородени во Германија е толку ниска што потенцијалните родители се мотивираат со 12 до 14 месеци платено отсуство од работа, т.е. „Elternzeit“, а по раѓањето на детето, на родителите им се гарантирани следните 3 години на работното место.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Feierabend(bier)/Фајерабенд(биер)
Сите добри нешта имаат крај (дури и работниот ден). Во Германија, тогаш започнува забавата (дури и за канцеларката). Крајот на работниот ден се нарекува „Feierabend“- „време за забава“. За освежителниот пијалок во кој речиси сите возрасни уживаат на крајот на денот има посебен збор „Feierabendbier“, односно пиво за крај на работниот ден.