За некои политичари, новиот законот за доселување на квалификувани работници во Германија оди предалеку, други, пак, велат дека привлекува премалку добар кадар. Особено во негувателскиот сектор е итно потребен персонал.
Реклама
Лизет Муњоз може точно да се сети на денот кој ѝ го превртел живот наопаку: 7 мај 2018 година. На овој ден, младата Мексиканка ја прими веста дека добила место за стручна обука 10.000 километри далеку од нејзината татковина: обука за негувателка во Германија. „Моите родители ми кажаа: Луда си, Германија е толку далеку, што бараш таму?"
Но, Муњоз била цврсто убедена дека ја прави вистинска работа. Набргу потоа, таа започнала да посетува интензивен курс по германски јазик во Мексико Сити, кој ѝ го плаќал нејзиниот нов работодавач од Германија. На 30 октомври, таа се качува во авионот - и ја заменува деветмилионската метропола Мексико Сити со Риза - мирно гратче со 35.000 жители во германската покраина Саксонија.
Пазарот за негуватели во Германија е испразнет
Кога 28-годишната девојка за понудата за стручна обука во Германија, која била објавена на Фејсбук, дознала од пријател на нејзиниот сопруг, не размислувала долго. Таа долги години работела во дом за нега на болни од рак во Мексико, како што вели, со многу часови прекувремена работа, ситни пари и премалку време за семејството. Но таа работа беше нејзина влезна карта за местото за обука во Германија.
Сега таа живее во еден дом за стари лица заедно со уште 14 приправници од Мексико и и натаму интензивно го учи јазикот, вклучително и стручните медицински термини. Но зарем не ѝ недостасува сопругот, кој и натаму живее во Мексико Сити? „Јасно дека ми недостасува, но сега морам да се концентрирам на други нешта. Сакам да го положам наредниот испит“, вели Муњоз, и се шегува на сопствена сметка дека веќе го прифатила германскиот менталитет.
Вакви реченици со задоволство слушаат одговорните за центрите за стари и изнемоштени лица во Германија. Според нив, пазарот за негуватели во Германија е целосно испразнет. Тие, во последните години, вложуваат многу пари во маркетинг за привлекување на негуватели од странство. Новиот закон за доселување, кој денеска е усвоен од германската влада, треба да го олесни доаѓањето на негуватели од странство на работа во земјата. Законот предвидува вработување на повеќе персонал во службите за странци , за да се забрзаат процедурите за добивање работна дозвола, престој и во прв ред признавање на дипломите за стручно образование стекнати во земјите на потекло. Бидејќи една работа е сосема јасна - без поддршка на странски кадар, посебно секторот на нега нема да може да функционира.
Се бараат стручни кадри надвор од ЕУ
Во Централата за посредување при вработување на странски стручни работници, накратко ЗАВ, тоа го имаат сфатено одамна. Нивна заслуга е и тоа што Лизет Муњоз и други нејзини колешки и колеги од Мексико сега негуваат германски пензионери. Се разбира, посредувањето во вработување на негуватели од земји кои не се членки на ЕУ изискува многу време, подготовка и во прв ред - засилен ангажман на вклучените работодавачи, но долгорочно на Германија не ѝ преостанува друг избор: „Во јужна и во источна Европа во моментов поради позитивниот економски развој подготвеноста за миграција е намалена и ние мора итно потребната стручна работна сила целно да ја придобиваме во земји кои не се членки на ЕУ“, вели Александер Вилхелм, извршен директор на ЗАВ.
11 зборови кои ви се потребни за работа во Германија
Сакате да работите во Германија? Научете ги овие 11 зборови. И да, бирократија е едниот од нив!
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Sauer
Büro(kratie)/Бирократи
Многумина не работат во канцеларија, но доколку работите во Германија, канцеларија се вика „Büro“. Се разбира, од биро до бирократија нема голема разлика и многу канцеларии во Германија го исполнуваат стереотипот со тоа што ги ставаат работите во кутии, наместо да размислуваат надвор од нив. Ова може да доведе до многу „Amtsschimmel“ што во буквален превод значи канцелариска мувла.
Фотографија: Olaf Wandruschka - Fotolia.com
Chef/Шеф
Секој вработен во Германија има „Chef“. Тоа е нивниот претпоставен и не, тој не готви за нив. Доколку претпоставениот е жена, тогаш се вика „Chefin“. Зборот е предизвик и „лажен пријател“ за Германците кои учат англиски јазик. Но, зарем не би сакале да имате личен готвач? Тој луксуз е резервиран само за врвните директори – кои немаат претпоставени.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Telko/Телко
Добрата комуникација е клучна за успешно завршување на работите, нели? Во модерниот и глобализиран свет сите со кои треба да комуницирате не се во вашата зграда. За голем број од вработените, телефонските конференции, „ Telefonkonferenz “, се секојдневна рутина. Германците сакаат да ги кратат зборовите па така „Telefonkonferenz“ станува „Telko “.
Фотографија: Gajus - Fotolia.com
Gleitzeit/Глајтцајт
"Gleitzeit" – во буквален превод значи „лизгаво време“ и е сон за сите кои не се ранобудци. Тоа е флексибилно време. Додека колегите го пијат третото кафе во 9:59 часот наутро, можете да дојдете на работа пред да почне најдинамичниот дел од работниот ден. Но, тоа можете да го направите само доколку некој од вашите колеги не закажал „Telko “ во 8 часот.
Фотографија: Colourbox
Kantine/Кантине
Јадењето на топол оброк за ручек е многу важно во Германија. Голем дел од компаниите нудат „Kantine“, односно кафетерија/кантина каде што може да се најдат традиционални јадења. Доколку внимавате на вашата тежина, тогаш добра идеја би било да си понесете јадење од дома. Во секој случај, кога Германец ќе види дека јадете ќе ви рече "Mahlzeit", односно „пријатно јадење“.
Фотографија: Imago
Quereinsteiger/Кверајнштајгер
Во Германија, вообичаено е луѓето да работат во полето во кое биле образувани и долго да останат на тоа работно место. Неретко е многу тешко да ја промените работата затоа што голем дел од работодавачите очекуваат дипломи и сертификати од нивната област. За оние кои успеаваат да се преориентираат има посебен збор: "Quereinsteiger", што во буквален превод значи - страничен сурфер.
Фотографија: Colourbox/Pressmaster
Ausgleichstag/Аусглајхстаг
Работевте прекувремено во последно време? Тогаш време е да ги земете заработените пари и да одите на „Ausgleichstag“, односно да земете слободен ден за компензација. Доколку имате само еден ден и живеете на северниот брег, можете да прошетате по плажа. Но, доколку ви се собрани повеќе денови, имате доволно време да организирате некое подолго патување. Само мобилниот телефон оставете го дома.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Naupold
Betriebsrat/Бетрибсрат
Да се биде фер е приоритет во германската работна средина и секоја компанија задолжително мора да има „Betriebsrat“, односно совет на вработени кои ги застапуваат своите колеги. Тие се медијатори и ги олеснуваат преговорите со менаџментот со цел да се осигураат дека сѐ тече како што треба. Ако размислувате да се кандидирате за некоја јавна функција, „Betriebsrat“ е добро место за почеток.
Терминот значи „одговорно лице за обезбедување на еднакви можности“. Позади импресивната титула, стои важна улога која обезбедува фер работна средина. Овие лица учествуваат во процесот на регрутирање на нови работници и се присутни на интервјуата. Нивната задача е да се осигураат дека жените, лицата со попреченост и малцинствата имаат исти можности при вработувањето како сите други.
Фотографија: Fotolia/Andrey_Arkusha
Elternzeit/Елтернцајт
Се преведува како „време за родителите“, но во пракса тоа е всушност „време за децата“. Стапката на новородени во Германија е толку ниска што потенцијалните родители се мотивираат со 12 до 14 месеци платено отсуство од работа, т.е. „Elternzeit“, а по раѓањето на детето, на родителите им се гарантирани следните 3 години на работното место.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Feierabend(bier)/Фајерабенд(биер)
Сите добри нешта имаат крај (дури и работниот ден). Во Германија, тогаш започнува забавата (дури и за канцеларката). Крајот на работниот ден се нарекува „Feierabend“- „време за забава“. За освежителниот пијалок во кој речиси сите возрасни уживаат на крајот на денот има посебен збор „Feierabendbier“, односно пиво за крај на работниот ден.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Sauer
11 фотографии1 | 11
И така примерот на Лизет Муњоз, може да биде модел за тоа како новите стручни кадри брзо да се интегритаат на германскиот пазар на труд: курс по германски уште во матичната земја, зашто јазикот е клуч за интеграцијата, сместување во дом за стари лица за навремено да се стапи во контакт до Германците. И конечно признавање на стручната диплома, преку дополнителна обука.
Мексиканката по седум недели во Германија веќе се чувствува како дома. Но наредниот тест на издржливост претстои набргу - мирна и умерена прослава на Божик наместо весело и гласно прославување како во Мексико. „Нема проблем“, вели Лизет со насмевка: „Раководителот веќе ни кажа дека сите заедно ќе одиме во мексикански ресторан!“