1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија- Обединети Нации-60 години од формирањето на светската организација

21 јуни 2005

Во недела 26 Јуни се навршуваат 60 години од формирањето на ОН. Германија, дури на 18 септември 1973, точно 28 години по формирањето на ОН стана членка на светската организација.

Германија, Бразил, Јапонија и Индија-кандидати за постојано место во Советот за безбедност на ОН
Германија, Бразил, Јапонија и Индија-кандидати за постојано место во Советот за безбедност на ОН

Двете германски држави доцна беа примени во ОН, дури во 1973. Во годините по втората светска војна, Германија за ОН, чие формирање во 1945 беше последица на војната, важеше за „ непријателска земја„

Двете Германии меѓусебно се однесуваа на дистанца но основните разликите во мислењата свесно не ги пренесуваа во Њујорк. Тогашниот сојузен канцелар Вили Брант во својот прв говор пред гернералното собрание цо Септември 1973 ги растера можните стравувања:

„ Ние не дојдовме овде ОН да ги сметаме како зид на плачот за германските проблеми или за да поставуваме барања кои и онака не можат да бидат исполнети„

Тогашниот министер за надворешни работи, подоцнежен сојузен претседател Валтер Шел во истата година изјави:

„ Ќе не најдете насекаде каде што станува збор за меѓународната соработка за зачувување на мирот и човековите права. Ако ние нешто научивме од сопственото горко искуство тогаш тоа пред се е дека човекот е мерка за сите работи„

За надворешната политика на Сојузна Република Германија, ОН, НАТО и ЕУ преставуваа најзначајна потпора и форум за соработка со западните сојузници. Седумнаесет години двете Германии беа членки на ОН, се до обединувањето во 1990 година, кога згасна членството на ДДР.

Обединета Германија веднаш се вклучи во политиката на ОН во насока на Сојузна Република Германија, дополнето со една компонента на политика на моќ, која произлегува од подготвеноста Германија на меѓународен план да превземе поголема одговорност. Тоа резултираше со барање за поголемо право на одлучувбање. Германија не е само трета по ред земја финансиер на светската организација, таа испраќа и свои војници во мировни мисии на ОН. За прв пат во Сомалија во 1993 година.

Уставниот суд во 1994 година мораше да ги симне од пат основните законски пречки, за да бидат создадени услови Германија да учествува и превзема значајни улоги во повеќе мировни мисии под мандат на ОН, како што е на пример случајот со Авганистан.

Во септември 2003 сојузниот канцелар Герхард Шредер зборуваше пред Генералното собрание на ОН во Њујорк:

„ Свесни за нашата сопствена историја ние превземаме одговорност за кооперативна мировна политика. Ние тоа го правиме со економски, политички и хуманитарни средства. Исто така превземаме, рамо до рамо со нашите партнери во НАТО и ЕУ, воена одговорност, онаму каде има потреба од поголема безбедност и потреба да се осигура ми и заштита на луѓњето. Повеќе од 9000 припадници на германските борбени сили и полиција денеска учествуваат во мировни мисии„

Паралелно со ова Германија поднесе барање за постојано место во Советот за безбедност на ОН. Шефот на дипломатијата Јошка Фишер смета дека барањето на Германија е во согласност со реформите на ОН, шеесет години по нивното формирање:

„ Веќе 40 години немаше измени во Советот за безбедност. Јас сметам дека е дојде време за ускладување со новите состојби. Како Бразил, Индија,Јапонија и Германија е подготвена да превземе одговорност која е поврзана со постојано место во Советот за безбедност„

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми