Германија очекува дозвола за корона-вакцината до 23 декември
ЖА / агенции
15 декември 2020
Неколку земји започнаа со вакцинација против коронавирус, а Германија чека на европско решение. Министерот за здравство Јенс Шпан сега е оптимист: „Планираме да започнеме со вакцинирање уште пред крајот на годинава“.
Реклама
Европската агенција за лекови ќе издаде одобрение за вакцината на Бионтек и Фајзер на 23 декември, се дознава од владини извори.
Одобрение пред Божик е добра вест, секој еден ден во кој може да се почне порано со вакцинација значи ублажување на страдања, изјави германскиот министер за здравство Јенс Шпан на денешната заедничка прес-конференција со Институтот Роберт Кох во Берлин.
Портпаролка на Европската агенција за лекови, ЕМА, денеска изјави дека за дозволата за користење на вакцината ќе се решава најдоцна до 29 декември, одбивајќи да прецизира точен датум.
Германскиот весник „Билд", повикувајќи се на свои владини извори, објави информација сппоред која се очекува издавање одобрение за вакцина од страна на ЕМА на 23 декември и најверојатен почеток на вакцинирање во Германија уште за време на божиќните празници, веројатно на 26 декември. Од фирмата Бионтек не е добиена потврда на веста.
ЕМА се најде под растечки притисок на владите на државите од ЕУ да го забрза процесот на одобрување на вакцината на Бионтек и Фајзер. Притисокот особено е интензивиран по одобренијата по итна постапка во Велика Британија и САД, по што во овие земји веќе започна процесот на вакцинирање на одредени групи граѓани. Во ЕУ тоа предизвика дебата и критики – зошто толку долго се чека со користење на вакцинаразвиена и делумно произведувана во Германија. Германскиот министер за здравство енергично ја отфрла опцијата за добивање дозвола по итна постапка. Решавачко е граѓаните да се здобијат со сигурност во вакцината и да се вакцинираат, потенцира министерот со дополнение - важно е исто така ЕУ заеднички да го изоди патот кон одобрение на вакцина.
Бионтек и Фајзер пред две недели поднесоа барање до ЕМА за условна дозвола за пуштање на пазарот на нивниот препарат против Ковид-19. Нивната вакцина моментно се смета за едно од најветувачките средства за сузбивање на пандемијата на коронавирус, од кој или во поврзаност со него во меѓувреме во светот починаа преку 1,6 милиони луѓе.
Држење дистанца- креативно!
Многу експерти нагласуваат дека и по доаѓањето на вакцината најважните заштитни мерки против коронавирусот- маските и физичката дистанца- уште некое време ќе бидат секојдневие. Но, тие можат да се следат и покреативно.
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Dedert
Љубов на далечината
Да се оствари пријатно познанство или да се флертува со убава девојка или убаво момче седејќи на клупа? Зошто да не! Само не заборавајте да држите дистанца. Оваа клупа укажува дури и колкава.
Фотографија: picture-alliance/ANP/B. Grösse
Мечиња на маса
Во моментов, во многу ресторани во Германија, на секоја втора маса има натпис „Ве молам, не седнувајте“. Сопственикот на ресторанот „Beef'n Beer“ во Хофхајм на Таунус го решил овој проблемот духовито: на секоја маса на која не треба да се седи ставил плишни мечиња.
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Dedert
Во друштво на кралицата
Ресторанот „Клостервирт“ во центарот на Минхен избра друга опција. Од 25 мај тука можете да вечерате со британската кралица и со други светски познати личности. Големи фотографии од нив „седат“ на масите кои треба да останат празни.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Kneffel
Максималната шапка на Максима
Шапката со широк обод ќе ви помогне да држите дистанца со стил. Каква што е, на пример, оваа шапка на кралицата на Холандија Максима. Иако е пожелно таа да биде уште поголема.
Фотографија: picture-alliance/Dutch Photo Press/P. van Katwijk
Разреден аудиториум
Драмскиот театар „Берлински Ансанбл“ во германската престолнина се подготвува повторно да ја пречека публиката. Но, сè уште не во целост. За идните настапи одлучија значително да ги „разредат“ редовите со места за гледачите.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Pedersen
Во својот круг
За да не се преполнат одморалиштата во парковите и тревниците, властите во германскиот градХајделберг решија да исцртаат кругови на тревата со креда. Ем безбедно, ем сите спокојни.
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Anspach
Куче со елизабетанска јака
И сопственикот носи маска, и кучето е заштитено со јака, која им е позната на многу љубители на кучиња и пред пандемијата на коронавирусот. Се нарекува ветеринарна или елизабетанска јака или конус. И сопственикот може да носи нешто слично (ако сака!).
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/A. Widak
Плисирани здолништа
Овие меки здолништа (добро, можеби малку потесни) се носеа во ерата на англиската кралица Елизабета I. Со нив, растојанието е загарантирано!
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Marchi
Држете го клунот на растојание
Ова е маска од познатиот карневал во Келн. Слични се носеле уште во Средниот век. Но, тогаш се верувало оти со нив се заштитувале од чума. Сега - од коронавирусот.