1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Автомобили и мобилност

Германија: Пијан возач на камион уништи 30 автомобили

ЖА
9 февруари 2022

Алкохолизиран возач на товарен камион излетал од патот во баварскиот град Фирт и удрил во десетици паркирани автомобили, оставајќи драматичен пустош зад себе

Lkw rammt parkende Autos - mehrere Brände
Фотографија: vifogra/dpa/picture alliance

„Ваква глетка од толкави уништувачки размери досега не сум доживеал. Може само да се претпостави со каква жестина поминал камионот, можело да се случи стравично сценарио ако тука се движеле повеќе минувачи“, изјави портпарол на полицијата на Мителфранкен во Нирнберг.

Со оглед на тоа, среќа е што има само тројца полесно повредени, вклучувајќи го тука и самиот возач.

50-годишниот камионџија, според сознанијата на полицијата, прво игнорирал црвено светло на семафор и удрил во автомобил на една раскрсница. Наместо да застане, продолжил да вози и веројатно уште и забрзал, изјави полицискиот портпарол.

Целосно демолирани и изгорени автомобили и пожар во зградаФотографија: Friedrich/vifogra/dpa/picture alliance

Материјалната штета е огромна, се проценува на најмалку 300.000 до 500.000 евра, вкупно се демолирани преку 30 автомобили. Камионот по ударот во нив ги туркал пред себе и ги смачкувал во куќите. Повеќе од автомобилите се запалиле и целосно изгореле, пожар е предизвикан и на една куќа. Пожарникарите го изгаснале огнот и ја евакуирале зградата.

Алкохолен тест кај возачот на камионот покажал присуство на два промили алкохол, по налог на обвинителотот, возачот е однесен во притвор. Сторителот е по потекло од Турција, а во Германија немал пријавено адреса на живеење.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми