1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија подготвена да поддржи ембарго на руската нафта

БГ /РТР
2 мај 2022

Германија може да преживее ембарго на увоз на руска нафта до крајот на годинава, иако ќе се јават недостатоци, изјави министерот за економија Роберт Хабек. ЕУ подготвува нов пакет санкции за Москва.

Ölförderung in der Republik Tatarstan, Russland
Фотографија: Yegor Aleyev/TASS/dpa/picture alliance

ЕУ е се поблиску до одлука за забрана на увоз на руска нафта до крајот на годинава, како дел од новиот пакет санкции против Русија поради инвазијата врз Украина. Министрите за енергетика на земјите-членки на ЕУ во понеделник дискутираат на оваа тема во Брисел. 

„Успеавме да дојдеме до ситуација во која Германија е во состојба да издржи ембарго на нафта. Тоа сепак нема да биде без последици“, изјави германскиот министер за економија Хабек.

Минатиот месец Германија го намали увозот на нафта од Русија на 12% од севкупниот увоз, во споредба со 35% проценти пред почетокот на агресијата. 

Хабек вели дека главниот предизвик за Германија е да најде алтернативи за увозот на нафта за рафинеријата во Швед која е сопственост на руската државна компанија Роснефт и која ги снабдува источните германски региони и главниот град Берлин со нафтени деривати. Овие региони би можеле да се соочат со недостатоци ако се воведе ембарго од страна на ЕУ, а Германија не успее до крајот на годината да изнајде алтернативи за увозот. 

Европа во бегство од рускиот гас

„Се уште немаме решение за рафинеријата во Швед. Не можеме да гарантираме континуирано снабдување. Секако ќе има раст на цените и некои прекини. Но тоа не значи дека ќе имаме нафтена криза“, рече Хабек. 

Германскиот министер за економија Роберт Хабек Фотографија: Tobias Schwarz/AFP

Советник на канцеларот Олаф Шолц изјави за Фајнаншл Тајмс во неделата дека Германија ќе поддржи ембарго на увозот на руска нафта, но бара уште неколку месеци за да обезбеди алтернативи.

Унгарија и Словачка против ембарго 

Европската комисија размислува да ги изземе Унгарија и Словачка од ембаргото за увоз на руска нафта поради зависноста на овие две земји од руските енергенси. Унгарија, која е целосно зависна од руските енергенси, веќе соопшти дека нема да поддржи ембарго на увоз. Во слична ситуација е и Словачка. 

За да го одржат единството на Унијата, диплломатите на Европската комисија предлагаат овие две земји да бидат исклучени од првичното ембарго и да им се остави „подолг период за транзиција“. 

Зошто на Европејците им е толку тешко да забранат увоз на руска нафта?

Нафтеното ембарго секако ќе биде наметнато во фази, и веројатно ќе биде целосно ефективно од почетокот на следната година. 

Русија извезува речиси половината од своите нафтени енергенси во Европа, што и овозможува на Москва огромен извор на заработка која земји како Латвија и Полска инсистираат да сопре. Земјите-членки на ЕУ и платиле на Русија речиси 20 милијарди евра од 24 февруари досега за увоз на нафта.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми