1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

По поплавите во Германија: Каде со отпадот?

Кејт Брејди
31 јули 2021

Поплавите во западна Германија оставија зад себе илјадници тони шут и смет. Нивното расчистување и отстранување е херкуловска задача. За жителите во настраданите населби тоа е често првиот чекор кон обнова.

Deutschland Altenahr | Flutschäden | Müllentsorgung
Фотографија: Christoph Hardt/Geisler-Fotopress/picture alliance

По поплавите во Арвајлер во средината на јули се натрупаа купишта отпад, кои ги блокираа улиците. Жителите од куќите го фрлаа уништениот и валкан мебел и електричните апарати, фрижидери, храна, машини, како и книги, фото-албуми, грамофонски плочи. Над сето тоа - слој на мрсни наслаги.

Две недели подоцна улиците беа расчистени. Архитектонскиот шарм на „фахверк“-куќите (стари скелетни конструкции со вкрстени греди), повторно дојде до израз. Компаниите за управување со отпад веднаш почнаа да ги расчистуваат улиците поради ризик од зарази и да го ослободат пристапот на возила кои пристигаа на помош. „Големо олеснување е што го однесоа отпадот“, вели госпоѓа Крол, која не сака да го наведеме нејзиното презиме. 

Да се заборави тоа што се случи

Таа вели дека пред 7 дена од пред куќата на нејзините родители имало фрижидер. На вратите сѐ уште имало магнети, а некој на вратата напишал: „Фала му на Бога, живи сме“. „Сега не мораме секој ден да поминуваме покрај тие работи и да гледаме што сме загубиле. Не мораме да бараме со поглед дали сепак постои нешто што би можело да се зачува“, вели Крол. Иако улиците се речиси расчистени, отпадот целосно не е отстранет. Префрлен е покрај патот на влезот во градот. Каде сега со тоа невидено количество отпад? Организацијата Германска помош за околината (ДУХ) предупредува дека електричниот отпад мора да се складира на цврста, бетонска површина, за отровните состојки да не стигнат во подземните води.

Повеќе:

-Германија: За поплавите и хероите

-Политиката во урнатините - предизборна битка или сочувство?

-Колку ќе чини „поплавата на векот“ во Германија?

Марајке Хофман раководи со проектот за рециклажа за ДУХ. Таа вели дека големото количество уништени работи во поплавените подрачја повеќекратно ќе ја оптоварат животната средина. „За да се однесуваме штедливо кон нашите ресурси, треба работите кои функционираат, како што се велосипеди, кујнски апарати и металниот мебел, да се исчистат, поправат и да се вратат во употреба, наместо да ги фрламе и да ги замениме со нови“, вели Хофман. 

Фотографија: Kate Brady/DW

Заедно во неволја

И отстранувањето на отпадот, како и многу други работи во поплавените подрачја, е тимска работа. Локалните градежни фирми, земјоделците и локалните комунални претпријатија од самиот почеток ги засукаа ракавите. И земјиштето на комуналната фирма за управување со отпад РСАГ беше под вода. „На почетокот не можевме да го одвеземе отпадот. Нашите возила беа заглавени во вода и во кал, а нашите депонии поплавени“, вели портпаролот на РСАГ, Кристоф Герхарц.

Возилата се оспособени и веќе одвезуваат илјадници тони отпад во регионот Рајн-Зиг. Дополнително помагаат волонтери, а вработените работат прекувремено и за викенд. Како да нема крај на работата. Од РСАГ сметаат на уште еден бран кабаст отпад.

„Некои жители дури сега се враќаат во куќите и почнуваат да ги чистат куќите и дворовите. Освен тоа, многу работи се во депониите во целото подрачје. Не можеме да кажеме колку време ќе ни биде потребно да го преземеме сето тоа“, објаснува Герхарц.

По поплавите во Германија: Прво борба за живот, сега за економска егзистенција

03:02

This browser does not support the video element.

Смрдеа во воздухот

Ралф Шефер е сопственик на погонот за компостирање во блиското место Митинховен. Тој својата фирма ја ставил на располагање за да се растовари блиската депонија. Смрдеата на отстојана вода е во воздухот. „Нормално не постои проблем за оптоварување од мирисање на компостот. Но, овој отпад од поплавените подрачја може да се почувствува во целиот регион“, констатира тој.

Нормална постапка би била раздвојување на отпадот. „Но кај ова количество кое го добивме во последните недели не можеме да сториме ништо, освен да го раситниме и да го запалиме“, објаснува Андре Лоц, шеф на келнската градска фирма за управување на отпад (АВГ). „Секако, го вадиме металниот отпад и дрвото кои можат да се употребат. Проблемот е во тоа што главно сѐ е мокро.“

Дел од отпадот се суши за да може повторно да се употреби, но Лоц вели дека целиот процес ќе трае неколку месеци. „Машините не се направени за толку големо количество. Во моментов не можеме да процениме уште колку ќе стигне“, вели тој.

„Не сте сами!“ - доброволци од сите страни помагаат по поплавите во Германија

01:24

This browser does not support the video element.

Илегални собирачи на отпад

Во овој регион се добредојдени сите кои сакаат да помогнат. Пред многу куќи има транспаренти со пораки за благодарност. Сепак, полицијата е претпазлива поради оние кои се преправаат дека помагаат, а само сакаат од туѓата несреќа да извлечат полза. „Поднесовме 10 кривични пријави“, вели Марсел Дилинг, главен полициски инспектор во областа Меркиш. „Станува збор за кражби на електрични апарати и алат, кои жителите ги сушат пред куќите.“ Тој додава дека малку од собирачите на отпад можат да покажат дозвола за занимавање со оваа работа, но оти бројот на илегални собирачи значително опаднал откако полицијата го засилила присуството во тоа подрачје.

Голем дел од жителите сметаат дека е време да се свртат кон иднината. „Кога го отстранија прво купот отпад се чувствував како за Божик“, се сеќава Кармен Пајц вон дер Ајхен од Арвајлер. Таа со својот партнер веќе се врти кон нови предизвици. „Одделивме сѐ што може да се спаси. Кога на ред ќе дојде обновата, алатот ќе биде многу баран. Од полза би ни биле секој чекан и секоја пила“, вели таа.

Тегобен поглед од небо на настраданите подрачја од поплавите во Германија

01:20

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми