1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали поранешни војници сакале да убиваат мигранти?

Јенс Јенсен
2 октомври 2021

Поранешни падобранци и резервисти на Бундесверот од северна Германија наводно подготвувале напади врз странци, пишува „Шпигел“.

Deutschland Kuckstorf | Fallschirmjäger der Bundeswehr während Übung «Green Griffin 2019»
Падобранец во тек на вежба (архива)Фотографија: Philipp Schulze/dpa/picture alliance

Групата била предводена од потполковникот резервист Јенс Г., пишува магазинот „Шпигел“. Тој ги организирал вежбите на групата. Портпарол на Обвинителството Линебург за магазинот потврдува дека против девет лица на возраст помеѓу 37 и 53 години се води истрага. Тие се осомничени за приклучување кон вооружена група, односно за давање наредби на вооружена група.

Според портпаролот на Обвинителството, постои „првично сомневање дека мотивот за делување би можел да е - непријателство кон странци“, наведува „Шпигел“. На почетокот на септември имаше рација во осум објекти во покраините Долна Саксонија, Северна Рајна-Вестфалија и Берлин. Притоа се заплнети не само оружје и муниција, туку и материјал кој укажува на десноекстремни уверувања на резервистите.

Трага води во Министерството за одбрана

Непосредно потоа, како што се вели во извештајот, иследниците дознале дека Г. наводно бил во тесен контакт со референт во Министерството за одбрана. Воената тајна служба МАД на средината од септември, при рутинска безбедносна проверка на референтот, наишла на индиции кои упатуваат на десноекстремни уверувања на поранешниот војник. На неговиот мобилен телефон службениците на МАД откриле поврзаност со Јенс Г.

Случајот се смета за сериозен, поради тоа што референтот во одделот „Стратегија и ангажман“ имал пристап до чувствителни тајни информации, како на пример за Командата на специјалните сили (КСК) и тајни иследници на МАД. На референтот му е веднаш забранет пристапот до чувствителни информации и до неговиот оддел.

Протекувале ли информации од Министерството за одбрана? МАД врши проверки во интерните системи на МинистерствотоФотографија: Joko/Bildagentur-online//picture alliance

МАД во интерните системи на Министерството за одбрана проверува дали имало протекување на информации преку референтот. Освен тоа, детално се истражува тесниот круг негови колеги, пишува „Шпигел“, повикувајќи се на информации од одбранбениот ресор. Според извештајот, досега нема уапсени лица.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми