По повеќенеделната принудна пауза поради коронавирусот, во Германија од денеска отвораат и продавниците во кои не се продава храна. Условите за работа во покраините се различни, а навала во шопинг-зоните не се очекува.
Реклама
Трговските ланци, продавниците и книжарниците се на стартна позиција - по речиси едномесечна принудна пауза поради корона-кризата, денеска почнуваат олабавувањата на дел од мерките. Малите и средните по големина продавници смеат повторно да ги отворат вратите за муштериите. Исклучок се продавниците со површина над 800 квадратни метри. Трговците со автомобили и велосипеди, како и книжарниците, пак, смеат да продаваат независно од тоа колкава е површината на продавницата.
Како „пачворк“
Потрошувачите, меѓутоа, нема во сите покраини да тргнат веднаш на купување. Во Баварија, Берлин, Тирингија и Брандебург продавниците смеат да отворат и малку подоцна. Купувањето на многу места ќе биде поинакво - исто како во продавниците за храна, во продавниците за текстил или книжарниците ќе бидат вообичаени маските, ознаките за држење отстојание и контролите при влез во дуќаните.
Сојузот и покраините минатата среда постигнаа согласност за почеток на олабавување на мерките за борба против пандемијата, но на повидок нема и единствена стратегија на сојузно ниво за борба против вирусот. Одделните покраини се тие што на крајот одлучуваат како ќе изгледаат конкретно договорените мерки. Критичарите веќе зборуваат за „пачворк“.
Во Рајнланд Пфалц, Сар и Долна Саксонија, на пример, смеат да отворат и поголеми продавници доколку обележат продажна површина од 800 квадратни мерки. Исто така е и во Хесен. Во Бранденбург смеат да отворат и продавниците кои се во состав на трговски центри, а не се поголеми од 800 квадратни метри. Во Саксонија при купувањето важи обврска за носење маска, а така е и во јавниот сообраќај. Саксонија е прва покраина со такво правило.
Алтмајер ги брани мерките
Сојузниот министер за економија Петер Алтмајер ги повика сојузот и покраините на поголема усогласеност. „Не смееме да трчаме наоколку како група кокошки и постојано да се наддаваме со заострување и олабавување на мерките“, опомена Алтмајер. Истовремено, тој застана во одбрана на одлуката прво да се дозволи да отворат помалите продавници. Тие продавници имаат помали резерви и затоа е потешко „да се одржуваат во живот“, вели тој.
Сојузот на градовите ги поздрави мерките за олабавување. „На луѓето им се потребни центри на градовите полни со живот. Ако сега повторно отворат повеќе продавници од трговијата на мало, тоа ќе биде добро за сите: за луѓето кои сакаат да купуваат, за трговците на мало, за нивните вработени и за градовите“, изјави раководителот на Сојузот на градови, Хелмут Деди. Притоа, се смета дека на почетокот купувачите ќе бидат воздржани. „Не очекуваме огромна навала. Продавниците кои сега повторно отвораат ќе бидат исто така отворени и по една недела“, нагласува Деди.
Најавена натамошна помош
Германската влада во корона-кризата планира натамошна помош за браншите кои се особено многу погодени, поради тоа што економијата ќе се враќа во нормала полека. Шефот на Канцлерамтот, Хелге Браун, изјави дека треба да се постапува промислено и полека, а вопочитувањето на мерките да се биде дисциплиниран, за да не мора да се враќаат ограничувањата. Министерот за финансии Олаф Шолц објасни дека станува збор пред се’ за економските гранки кои се’ уште не може да се вратат на нормала поради опасноста од зараза со коронавирусот. „Хотелите и угостителите се сигурно дел од тоа“, рече Шолц. Во таа гранка на 70.000 фирми им се заканува банкрот - или на секоја трета фирма во браншата.
Пет совети за подобро физичко и ментално здравје во корона-кризата
Вакцина нема, лек исто така. Експертите, во моментов, не се сигурни ни дека оние кои оздравеле од Ковид-19 се целосно заштитени од нова инфекција. Затоа е препорачливо јакнење на личниот имунитет среде пандемијата.
Фотографија: Fotolia
Здрава исхрана
Докажано е дека здравата исхрана го намалува ризикот од хронични болести како што се проблемите со циркулацијата, дијабетисот или со дебелината. Исто така, со здрава исхрана се намалува и ризикот од депресија и од анксиозност. СЗО потсетува - но тоа важи и без пандемија - дека треба да се остават алкохолот, цигарите и сите останати дроги
Фотографија: picture-alliance/dpa/V. Heinz
Добар сон
Додека спиеме, телото вредно работи: келиите се обновуваат, се отстрануваат отровите, се зацврстува помнењето. Како што покажаа истражувањата, недостатокот на сон влијае не само на физичката состојба, туку и на психичката. Недостатокот на сон нѐ прави поподложни на хронични болести. На поголемот број луѓе им се доволни 6 до 9 часа сон, но важно е да се спие во одреден ритам.
Фотографија: Colourbox
Движење и вежбање
Движењето го исполнува телото со „хормоните на среќа“. Тоа овозможува подобро спиење, ги намалува стресот и стравовите, го зајакнува помнењето. Движење и спорт, па макар и дома - најмалку 30 минути дневно. Тренерите велат дека не важно како ќе ги поделите тие минимални 30 минути - можеби по 10 минути наутро, напладне и навечер? Кога можете излезете на свеж воздух.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. pedersen
Одржување на контактите
Пријателите во овој период на социјална изолација поради коронавирусот се поважни од кога било. Социјалните мрежи се докажано добри за здравјето. Бидејќи излегувањата и собирите сега не се можни, речиси сѐ се одвива на интернет. Но, подобро така отколку никако.
Изолацијата можеби е шанса да се заборави на светот и на надворешните вести. Размислите, што сакате веќе подолго да направите но никако не стигнувате? Нешто во градината, да испробате нов рецепт, да научите да плетете, да прочитате некоја книга која веќе подолго ве гледа обвинувачки од полицата? Сега е идеално време за тоа.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Kalaene
5 фотографии1 | 5
Организаторите на големи настани бараат од политиката јасност за натамошните чекори во сферата на концертите и другите манифестации. Сојузот и покраините, имено, постигнаа согласност за продолжување на забраната за сите големи настани до крајот на август. Досега е само во исклучителни случаи јасно што покраините сметаат за голем настан, критикуваше претседателот на сојузот на компаниите од оваа бранша, Јенс Михов. Затоа од сите покраински влади се бара повеќе јасност во правилата. Во моментов во Германија и Европа се одложени повеќе од 155.000 настани во живо, информира најголемата европска компанија за билети и настани во живо, Евентим. При траење на мерките за забрана во период од шест месеци, според актуелните пресметки, ќе се претрпат загуби од над пет милијарди евра.
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Прво важеа за неефикасни и збунувачки, но се‘ повеќе земји во меѓувреме воведуваат правило за носење заштитни маски против ширењето на коронавирусот. За победоносниот поход на маските, започнат во Азија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Zucchi
Ракавици, мобилен телефон, заштитна маска
Дали и во Германија ќе се воведе обврска за носење заштитна маска? По консеквентната употреба во Азија, институтот Роберт Кох препорача нејзино носење и во Германија. Јена е првиот град кој ја водведе оваа мерка, од 6 април во супермаркетите и јавниот сообраќај таму таа е задолжителна. Како заштита се прифаќа и шал или марамче на устата.
Фотографија: Imago Images/Sven Simon/F. Hoermann
Подарок за пожарникарите
Со оглед на големиот недостиг на заштитни маски, луѓето и институциите се снаоѓаат и сами. На Јутјуб и на Твитер под хаштагот „maskeauf“ многумина демонстрираат колку е едноставно да се изработи маска. Меѓу нив е и професионалната шивачка од Државниот театар Котбус, Керстин Бохов. Маските кои ги изработува оваа костимографка се наменети за пожарникарската служба и за Црвениот крст во Германија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul
Плетени маски
Уметничката Манша Фридрих плете маски за заштита од коронавирус. Нејзините маски се украсени со мотиви на насмеани лица, животни, сонце. Внатрешната страна на маските може да се менува. Уметничката од Хановер не дозволува корона-кризата да ѝ го расипе расположението.
Чешка и Словачка се отидени чекор понапред, таму уште на средината на март е воведена обврска за носење заштитни маски. Оној кој влегува во супермаркет или градски превоз, мора да носи маска. Словачката претседателка Зузана Чапутова и премиерот Игор Матович предничат со добар пример. И Австрија во меѓувреме воведе обврска за носење маски во супермаркет.
Фотографија: Reuters/M. Svitok
Будење на пролетта во Кина
Во Кина заштитните маски одамна се задолжителни за граѓаните. Оваа двојка, без оглед на кризата со коронавирус и ригидните контроли, не сака да се откаже од романтика. Двајцата занесено танцуваат на пролетното сонце и сигурно забораваат на сите останати околу себе.
Фотографија: AFP
Израел не дозволува исклучоци
И во Израел во сила се драстични ограничувања на движењето, кои ги воведе премиерот Бенјамин Нетанјаху, а се контролирани од полицијата и од војската. Кон нив мора да се придржуваат и ортодоксните Евреи. Во квартот Меа Шерим во Ерусалим, еден вооружен полицаец му наложува на својот ултраортодоксен сограѓанин да се прибере дома.
Фотографија: picture-lliance/dpa/I. Yefimovich
Уметност во Појасот Газа
Во густо населениот Појас Газа, уметниците се обидуваат да ги мотивираат граѓаните. Во квартот Шујаија, тие украсуваат заштитни маски со различни мотиви. Владата во Појасот Газа воведе ограничување за движењето на населението и забрана за одржување на сите манифестации. И т.н. „Марш на враќањето“, кој секоја година преку масовни протести се одржува на границата кон Израел, годинава е откажан.
Фотографија: Imago Images/ZUMA Wire/A. Hasaballah
Колумбиски „силници“
Во Колумбија на маските доминираат драстични и впечатливи мотиви. Вилиците на маските на двајцата полицајци се чини се инспирирани од колосот Хулк. Хулк е главната фигура во стрипот на Стен Ли и Џек Кирби, објавен во 1962 година. Приказната за неверојатниот Хулк е адаптирана во бројни филмови и серии.
Фотографија: AFP/L. Robayo
Макрон ќе се справува со недостигот од маски
Францускиот претседател посети фабрика за производство на заштитна облека и маски во Сент-Бартоломи д‘Анжу. Стотици лекари ја критикуваат владата што не набави доволни количини заштитна облека во време на епидемијата на коронавирус, но многумина од нив сепак работат, дури и без заштита. Емануел Макрон планира потребата од заштитна опрема да ја покрие со домашно производство до крајот на годинава.