Берлин: Опасност од ескалација во Македонија
11 мај 2015Германската сојузна влада по вооружените престрелки во Македонија за време на викендот предупреди од влошување на лабилната политичка состојба во земјата: „Итно е неопходно да се спречи натамошна ескалација“ , изјави во Берлин, Мартин Шефер портпарол на министерството за надворешни работи на Германија (насловна фотографија) .
Владата во Берлин е загрижена и вџашена поради насилните судири во Македонија. „ Македонската влада, сите други политички актери и албанското малцинство се повикани да избегнуваат сѐ што би можело да распламти нови тензии“, порача портпаролот на германското МНР.
Германската влада веќе подолго време со голема загриженост го следи развојот на настаните на внатрешно-политичката сцена во балканската земја, беше соопштено во Берлин. Портпаролот Мартин Шефер притоа упати на дебатите кои се водат во Македонија околу објавувањето на делови од прислушкувани телефонски разговори, кои наводно се водени од страна на членови на владата. Германската сојузна влада, според Шефер упатува повик до владата во Скопје да ги респектира правото на слободно собирање, слободата на печатот и на мислењето во духот на западните сфаќања.