1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија – противракетна одбрана

30 април 2007

Непосредно пред патувањето на германската канцеларка, Ангела Меркел за Вашингтон, Социјалдемократската партија ги повтори своите дилеми околу планираниот американски анти-ракетен штит во Источна Европа. Шефот на СПД, Курт Бек и министерот за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер предупредија од можна нова спирала на вооружување и повторно избувнување на конфликтот меѓу истокот и западот. Вооружувањето ги доведува во опасност и Германија и Европа и води кон несигурност, изјави Бек. Тој од канцеларката побара во Вашингтон интензивно да разговара околу оваа тема. Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо, во интервју за американската телевизија денеска се изјасни против мешање на Русија во американските планови за анти-ракетниот штит. Контроверзните американски планови за анти-ракетниот штит официјално не се ставени на дневен ред на самитот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми