Германија: Работници од Западен Балкан се потребни и натаму
ЕМФ
31 март 2021
Поради затворањето на земјите како последица на пандемијата, во последната година во Германија се пристигнати многу помал број работници од Западен Балкан отколку во годините пред тоа. Но, потреба од нив и натаму има.
Реклама
Западнобалканското правило придонесе прилично за подобрување на конјунктурата во градежништвото, угостителството и здравството во Германија, констатира германската влада. Во одговорот на прашањата поставени од пратеничката група на либералната партија ФДП во врска со Западнобалканското правило, Владата информира дека пандемијата не ја запрела потребата од работници од државите од Западен Балкан (Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија) кои на овој начин доаѓаат на работа во Германија, туку напротив - во делот на градежништвото натпреварот за персонал е дури и зголемен.
„Сѐ е можно ако си упорен“
04:41
Но, поради затворањето на земјите како последица на пандемијата на коронавирусот, во последната година во Германија се пристигнати многу помал број работници од Западен Балкан отколку во годините пред тоа. Иако германската Сојузна агенција за труд во 2019 година дала согласност за 62.334 вработувања врз основа на Западнобалканското правило, поради ограничениот капацитет на германските амбасади и конзулати во регионот, издадени се само 27.259 визи.
Од почетокот на годинава направени се мали измени на Западнобалканското правило. Тоа е продолжено до 2023 година, меѓутоа, за разлика од претходно, сега има ограничување во делот на бројот на лицата кои на овој начин може да влезат и работат во Германија, и тоа на 25.000 годишно. Притоа, за македонските граѓани се „резервирани“ 4.750 работни места или 19%, исто толку за албанските граѓани, како и за граѓаните на Босна и Херцеговина. Граѓаните на Србија би добиле 4.250 работни места или 17%, а на Косово дури 5.500 места, односно 22%. Најмалку работни места се предвидени за Црногорците - 1.000 или 4%. Распределбата на контингентите по земји се преиспитува секоја година и по потреба се прилагодува. За актуелната распределба е постигната согласност меѓу германските министерства за труд и социјала, за внатрешни работи, за економија и за надворешни работи. Притоа предвид се земени бројноста на населението, бројот на обработени визи во 2018 и 2019 година, како и бројот на поднесени барања за термин во амбасадите.
#DE_facto: Сѐ повеќе луѓе од Западен Балкан легално работат во Германија
02:36
This browser does not support the video element.
Досега, врз основа на Западнобалканското правило, се издадени 97.635 визи за граѓани од Западен Балкан. Сојузната германска влада нема сознанија колкумина од нив навистина дошле на работа во земјата. Во периодот од 2015 до 2020 година, најмногу визи се издадени во 2017-та (25.341), а најмалку во пандемиската 2020-та (5.188).
Притоа, кај граѓаните од Северна Македонија најголеми бројки има во 2019. година, кога визи биле издадени на 6.425 лица. Минатата година пак во Скопје биле издадени само 1.291 визи за луѓе кои во Германија доаѓаат на работа врз основа на одредбите на Западнобалканското правило.
Неколку совети за аплицирање за работа во Германија
Во Германија, апликантите често пати грешат за исти работи. Еве неколку совети како да го направите следниот чекор во процесот на вработување. Многу нешта звучат очигледно, но не ги потценувајте!
Фотографија: Colourbox
ТРЕБА: Аплицирајте за реалистични работни места
Прочитајте го описот на работното место и бидете сигурни дека ви одговара. Доколку тукушто излегувате од училиште, немојте да аплицирате за директорско место. Но, истовремено не бидете прескромни. Компаниите често добиваат огромен број апликации и посветуваат едвај 5 минути за секој кандидат. Доколку веднаш не увидат дека одговарате, Вашата апликација ќе заврши во одбиените.
Фотографија: picture-alliance/dpa
НЕ ТРЕБА: Да испраќате нецелосни апликации
Бидете сигурни дека испраќате се што е потребно за огласот. Секогаш нека ви бидат подготвени документите, за да не пребарувате во последен момент. Најчесто ќе ви требаат Биографија, Мотивациско писмо, препораки и ПДФ копии на дипломите, како и други документи кои ја докажуваат Вашата квалификација.
Фотографија: C. Klose/dpa/picture alliance
ТРЕБА: Држете се до стандардот
Иако креативноста е често добар квалитет, треба да водите сметка за некои германски стандарди во апликацијата, на пример: датум на раѓање, брачен статус - и најконтроверзно- Ваша фотографија.Тоа е традиција во Германија. Повеќе не е неопходно, но комисиите сакаат да ја видат, макар и само за да им помогне да ги запаметат кандидатите.
Фотографија: picture alliance/dpa/C. Klose
НЕ ТРЕБА: Испраќање до непознат
Не ја адресирајте апликацијата со „До засегнатите“ или „Драги г-не, дрaга г-ѓо“. Потрошете малку време на истражување на компанијата и пронајдете кој е шеф на човечки ресурси. Тоа покажува иницијатива и интерес. Пребарајте на интернет страницата на компанијата или на социјалните мрежи за да знаете кому да се обратите. Не заворавајте да ја наведете и адресата на компанијата на писмото.
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Klose
ТРЕБА: Лекторирајте
Ова е нешто што оние кои регрутираат постојано го потенцираат- лекторирајте! Лесно е, бесплатно и не одзема многу време. За некои оддели едноставните јазични грешки се крај. Други имаат повеќе разбирање, но сепакт остава многу лош впечаток, особено ако другите апликанти се потрудиле нивната апликација да биде безгрешна.
Фотографија: picture alliance/dpa/C. Klose
НЕ ТРЕБА: Да го правите сами
Побарајте помош или совет, особено доколку не сте од Германија и не ви е мајчин јазик. Нека препрочитаат и нека ви сугерираат идеи. Дури и доколку Биографијата ви е на англиски, вашето мотивациско писмо треба да е на германски. Работодавачите веројатно ќе сфатат дека некој ви помогнал, но ќе знаат и дека ви било важно да се претставите во најдобро светло.
Фотографија: picture alliance/dpa/S. Marks
ТРЕБА: Да биде автентично
Лажење во апликацијата е лоша идеја. Бидете свои и бидете креативни. На германскиот пазар на трудот сега е далеку понеформално во однос на изгледот. Тетоважи, пирсинг и шорцеви до неодамна беа неприфатливи. Сега дури и полицајците си ги покажуваат тетоважите. Овие добредојдени промени имаат врска со дигитализацијата и недостатокот на квалификувани работници.
Фотографија: picture-alliance/empics/A. Matthews
НЕ ТРЕБА: Да бидете неконзистентни
Вашето резиме и мотивациското писмо нека бидат конзистентни. Тоа се однесува на форматот, фонтот, јазикот, сѐ. Тоа се првите нешта кои се гледаат и кои оставаат впечаток. Содржината исто така мора да биде конзистентна: датуми, места, настани... не смее да има разлика. Во суштина, подобро е да се испрати повеќе одошто помалку. Но, истовремено, не претерувајте со текст од 30 страници!
Ова е важна животна лекција која многумина се уште ја игнорираат кога постираат пијани фотографии или неприкладни нешта. Замислете што ќе помисли идниот шеф за Вас? Дополнително, вашите социјални профили треба да бидат ажурирани и да покажуваат позитивен имиџ на прикладен кандидат за работното место кое се бара.