1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија - светски првак во користењето сончева енергија

12 септември 2008

Германија предничи во употребата на сончевата енергија, пред Кина и Јапонија. Поради се`поголемата побарувачка во следните три години ќе се инвестираат 7 милијарди евра во изградбата на нови фабрики.

Фабриката Солон, една од водечките во браншатаФотографија: ZB - Fotoreport

Во Германија веќе се градат или се планирани 15 нови фабрики за соларни елементи, а „сончеви денови“ доаѓаат и за соработниците на фабриката Солон од Берлин. Овде се произведуваат повеќето соларни модули во Германија. Книгите на нарачки се полни и оваа година прометот би требало да порасне за 75 насто. Фабриката Солон цвета - исто како и целиот сектор за соларна индустрија. Ова претпријатие веќе во 2007 година имаше промет од седум милијарди евра, во 2020 година тој би требало да изнесува веќе 25 милијарди. И уделот на електричната енергија која доаѓа од сонцето треба значително да порасне: сега е 0,6 насто, а се очекува дека ќе изнесува 6 проценти.

Една од тајните на успехот е се` поголемата побарувачка од странство. Солон ја извезува германската технологија на користење на сончевата енергија со т.н. „Мовер“, дванаесетмодален акумулатор на енергија, кој без проблеми може секаде да се постави и самиот се движи кон сонцето.

Тереза Раатц, портпарол на Солон, истакнува дека тоа е „срцето“ на нивната техника која на пазарот ја претставија во 2005 година. Најпрво работеле само електраните во Германија, а потоа дојде до тоа да работат многу сончеви електрани и на други места, пред се во Шпанија, но и во Италија и во САД.

Нафтата и гасот ќе бидат се поскапи

Преку 1 милион луѓе веќе инсталираа сончеви колекториФотографија: AP

Во Германија веќе денес најголемите постројки кои ја претвораат светлината во електрична енергија произведуваат енергија доволна колку за еден милионски град. Но, таквата енергија, се разбира, се` уште е скапа. Стручњаците сметаат дека до 2015 година таа енергија ќе биде поефтина отколку од обичните извори. Карстен Керниг, директор на Сојузното здружение на соларно стопанство, смета дека соларната енергија е заштита од се` повисоките цени на нафтата и гасот – бидејќи енергијата ќе биде се` поскапа. Но и поради последиците од трошоците за заштита на климата што населението ќе мора да ги плати. Затоа соларната енергија е толку популарна и во земјата има преку милион луѓе кои поставија соларни колектори на своите покриви.

И пазарот на фасади кои ја користат сончевата енергија постојано расте. Добро се продаваат, пред се`, тенките фолии затоа што лесно се поставуваат. А претставуваат и архитектонско уживање за очите - не само додека сонцето свети.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми